Пет децении љубов: Брачен пар ја пресоздаде првата заедничка фотографија од запознавањето на Вудсток
Почетна » Новости » Занимливости » Пет децении љубов: Брачен пар ја пресоздаде првата заедничка фотографија од запознавањето на Вудсток

Пет децении љубов: Брачен пар ја пресоздаде првата заедничка фотографија од запознавањето на Вудсток

Брачни партнери ја пресоздадоа првата заедничка фотографија направена на денот кога се запознале. Џуди и Џери Грифин позираа исто како и пред 50 години, кога за првпат се сретнале.

Имено, љубовната приказна на Џуди и Џери започнала во далечната 1969 година, кога и двајцата се упатувале на музичкиот фестивал Вудсток.

Автомобилот на Џуди се расипал, па таа и нејзините две пријателки одлучиле да пешачат до местото. Но, во тој момент поминувал Џери со неговите пријатели и им понудиле превоз.

„Добро, ова дефинитивно е невообичаено. Само што ја зедовме оваа симпатична девојка. Одиме на Вудсток и јас имам шатор, а таа нема“ – ова биле првите мисли на Џери кога првпат ја здогледал Џуди.

Парот немал ниту една фотографија од овој значаен ден. Неодамна, тие отишле да гледаат документарен филм во чест на 50-годишнината на Вудсток и биле изненадени кога здогледале снимка на која е овековечен сладок момент помеѓу нив. Во филмот, тие се прикажани наврнати и наметнати со ќебе.

Џуди и Џери

Пет децении подоцна, тие ја пресоздадоа фотографијата.

Џуди и Џери

Џуди и Џери имаат две деца и пет внучиња.

Џуди и Џери

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9658 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?