#ПаузаЗаПреглед: Право на секоја жена е да одвои време за себе и за своето здравје!
Почетна » Новости » Занимливости » #ПаузаЗаПреглед: Право на секоја жена е да одвои време за себе и за своето здравје!

#ПаузаЗаПреглед: Право на секоја жена е да одвои време за себе и за своето здравје!

„Немам време“ е фразата која многу жени често ја користат за да ги одложат важните медицински прегледи за превентивна здравствена заштита. Тоа се должи не само поради преокупираноста со работните и домашните обврски, туку и поради давањето приоритет на здравјето на нивните деца, родители, па дури и на партнерот.

Тоа мора да се промени! Време е да се најде време и за себе!

Ракот на дојка е најчестиот вид на карцином дијагностициран кај жените, но откривањето во раната фаза ги зголемува шансите за успешно лекување. За да може рано да се открие, неопходно е добро да ги познавате вашите гради и редовно да ги проверувате за невообичаени појави.

Октомври традиционално се одбележува како месец посветен на борбата против ракот на дојка и затоа во текот на овој месец ќе бидат одржани неколку активности чија цел ќе биде подигање на свеста за рано откривање и лекување на ракот на дојка.

„Изминативе 27 години, AVON со својата Фондација за жени се посветени на здравјето на сите жени, а во 2019 година AVON уште еднаш ја потврдува својата заложба со кампањата за подигнување на свеста за ракот на дојка, наречена #ПаузаЗаПреглед. Ние стоиме зад тоа и потврдуваме дека одвојувањето на време за себе е право на секоја жена. Тоа е ветување што жените треба да си го направат сами на себе. Превентивната грижа за здравјето е сечие право. Проверката на вашите гради може да ви го спаси животот“ – изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во АVON Македонија.

„Жените како Јулија Цигарида, Амбасадор на хуманоста во AVON за 2018та година и која на свои 29 години се соочи ракот на дојка и успеа да го победи, се инспирација за секоја жена и токму поради тоа, таа е предводникот на овогодинешната кампања на АVON. Партнер на кампањата, како и секоја година, е невладината организација за борба против рак БОРКА – за секој нов ден која е бестрашен застапник на правата на пациентите заболени од рак” – продолжува Стојкова.

AVON со нова кампања за борба против рак на дојка

Бројот на жени со дијагностициран рак на дојка на глобално ниво се зголеми двојно во текот на изминатите 10 години, а само во Македонија, секој ден се дијагностицирани четири нови случај на рак на дојка. Оваа болест е одговорна за околу 279 смртни случаи годишно на светско ниво. Со навремено дијагностицирање на болеста овие бројки би можеле драстично да се намалат.

AVON со нова кампања за борба против рак на дојка

Кампањата #ПаузаЗаПреглед е уште еден дел од мисијата на AVON за борба против ракот на дојка, чија цел е да се осигура дека сите жени ги знаат ризиците, да ги препознаваат знаците и да знаат како да преземат акција против оваа тешка болест.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 20010 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?