Пар си го трансформираше изгледот со фитнес, девојката ослабе 31 кг за само 10 месеци
Почетна » Новости » Занимливости » Пар си го трансформираше изгледот со фитнес, девојката ослабе 31 кг за само 10 месеци

Пар си го трансформираше изгледот со фитнес, девојката ослабе 31 кг за само 10 месеци

„Паровите кои тренираат заедно остануваат заедно“ – ова го читаме честопати во последно време, а еве доказ за тоа.

Мери Луелин и нејзиното момче Грег успеале да си го трансформираат изгледот за само 10 месеци преку здрава исхрана и фитнес. Тие сега инспирираат и други лица да ги следат нивните стапки, особено Мери, која има свој Instagram профил каде споделува совети, вежби и тренинзи за сите кои сакаат да ослабат.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

25-годишната Англичанка, која живее во САД, тежела 111 килограми кога решила да го промени начинот на живот и да се обиде да тренира во фитнес сала како нејзиното момче.

„Се започна во мојата последна година на факултет. Страдав од депресија и анксиозност, што резултираше со отпишување од факултет и враќање дома на одреден период. Тогаш започнав да јадам многу пици и нездрава храна“ – вели инспиративната девојка.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

На 1 февруари 2018 година, таа започнала полека, но сигурно да го менува начинот на живот и за само 10 месеци намалила 31 килограм.

„Одлучив да направам мали промени, како јадење почиста храна, а моето момче беше многу по бодибилдингот, па започнав да одам на фитнес. Преминав од личност која мрази фитнес, во личност која го обожава. Се мотивирав гледајќи како ми се менува телото.“

„Фитнесот е многу повеќе од намалување неколку килограми. Преминав од личност која не можеше да испешачи еден километар, во личност која има своја интернет страница со насоки кои можат да им помогнат на жените да си го променат животот. Преминав од личност која не се сакаше себеси, во личност која им покажува на илјадници жени како да се сакаат себеси и да си го подобрат својот живот. Ако јас можам, можете и вие“ – вели популарната фитнес блогерка, која ја следат над 850 илјади лица.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

Мери е категорична дека фитнесот е многу позабавен кога имате покрај себе друга личност со исти цели како вас и советува, ако немате партнер, да тренирате со пријателка или член од семејството.

„Заедно научивме многу нешта за фитнесот и патем се инспирираме еден со друг. Тој ме поттикнува да го давам најдоброто од мене секој ден. Како што можете да видите и двајцата си го променивме телото во последните неколку месеци. Грег одлучи дека сака да има стомачни мускули за нашиот одмор на крајот од март и оттогаш работи на нив. Грег ми покажа колку забавен може да биде фитнесот, особено како дел од тим“ – објаснува таа.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

Среќата сега е составен дел од нејзиниот живот и таа повеќе не чека нештата да се случат, туку самата ги остварува.

„Очекував добрите нешта едноставно да се случат сами од себе и се сожалував себеси секој ден. Ова патување не е само за слабеење. Открив која сум јас и што е она што ме прави среќна, Сега, јас сум најздрава и најсреќна од кога било во мојот живот. Ве молам, имајте на ум дека вашата среќа не треба да биде поврзана со цифрата на вагата. Стопати поважно е како се чувствувате и како изгледате во огледалото“ – вели Луелин.

Мери вежба со тегови шестпати неделно и во најголем дел од деновите нејзините тренинзи вклучуваат и кардио. Нејзиниот режим на исхрана вклучува минимално ниво јаглехидрати, а високо ниво растителни влакна. Таа се фокусира на внесување на многу протеини преку месото, а консумира и многу зеленчук, овошје и јатки.

„Со зголемената мускулна маса ми требаат повеќе калории за да ја одржувам мојата тежина, што значи дека ми е многу полесно да ги намалам маснотиите. Вежбањето со тегови е победничка алатка за слабеење. Додека си ја зголемувате мускулната маса, вие согорувате калории. Првиот совет што им го давам на сите е да започнат со мали чекори. Го започнав моето патување со по една кратка прошетка дневно и прочистување на мојата исхрана. Си реков себеси само 1 килограм неделно и гледајте до каде ме доведе тоа – секој го може ова!“ – охрабрува таа.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

На една од нејзините најпопуларни Instagram фотографии, таа пишува:

Борете се за личноста која сакате да бидете. Секој ден, држете се за таа цел. Не мора да започнувате со скок, започнете со бебешки чекор. На фотографијата лево се чувствував безнадежно. Не поради мојата големина, туку затоа што не ЖИВЕЕВ. Чувствував дека лебдам низ животот вкочанета, избегнувајќи сè што ми изгледаше „тешко“.

Ова патување не го трансформираше само моето тело, туку и мене како личност. Конечно го користам целиот мој потенцијал. Сега, имам многу поголеми очекувања од себеси и не запирам додека не си ги постигнам целите.

Благодарение на момчето оддесно, имам пријател со кого минувам низ животните предизвици.

Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег Мери Луелин и Грег

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3869 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?