Почетна » Новости » Занимливости » Пар неочекувано си доби романтични фотографии кога кајчето се преврти за време на вереничка фотосесија

Пар неочекувано си доби романтични фотографии кога кајчето се преврти за време на вереничка фотосесија

Фотосесија со неочекувани пресврти стана хит на интернет.

Фотографката Џесика Најт барала начин за да си го промовира својот бизнис за свадбени фотографии кога наишла на пар на кој решила да му направи лажна вереничка фотосесија. Најт ги поканила згодните партнери да позираат во кајче без воопшто да претпоставува што ја очекува.

Додека пловеле и се фотографирале во кајчето, дечкото извадил прстен од џебот и ја запросил својата сакана. Таа возбудено рекла да, но во моментот кога го прегрнала својот сакан, кајчето се превртило и тие паднале во езерцето.

Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија

Малата незгода не го спречила парот да продолжи да позира, а резултатот се прекрасни и романтични фотографии.

Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија Вереничка фотосесија

„Фотографиите од нив во водата ми се омилени од целата фотосесија, што е сосема поразлично од она што оригинално го имав замислено. Мислам дека ова ќе биде одлична приказна која еден ден ќе им ја раскажуваат на децата“ – рекла Џесика.

@jessicabphotography_ I think it made the photos 100x better and now they have a fun story to tell about the day he proposed #fypシ #TheNotebook #proposal #photography ♬ Main Title (The Notebook) - Aaron Zigman
Вереничка фотосесија

Анкета

Анкета
Каде на летен одмор годинава?
  • 10%
  • 41%
  • 17%
  • 32%
Се испраќа...

(Вкупно: 3436 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.