• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Пар драстично ослабе до непрепознатливост пред свадбата, само невестата стопи 60 килограми

13 мај 2019, 12:11
  • cподели

Мери Џејн со години се измачувала со вишокот килограми, но со посветеност и силна волја успеала да стигне до здрава тежина токму пред свадбата.

Пресвртна точка билo нејзиното патување со свршеникот Алекс во животинското кралство на Дизни. Кога парот ги разгледал фотографиите од авантурата, сфатил дека треба да заборави на изговорите и да започне да слабее.

Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс

Заедно тие започнале да ги евидентираат внесените калории, а една година по промената во исхраната, Мери Џејн започнала и да вежба.

„Стратешки ги планирав оброците за да извлечам максимум од калориите. Тоа стана како игра за мене. Станав помудра поради желбата да јадам повеќе храна“ - објаснила таа.

Резултатите се зачудувачки. Намалувајќи 34 килограми, тој си ја постигнал целта по само 12 месеци, а таа, за две години ослабела 61 килограм.

Мери Џејн и Алекс

На фотографиите „пред и потоа“ на Instagram, разликата е повеќе од очигледна. „И јас сум шокирана како вас дека ова е истата личност. Бев исмејувана и малтретирана поради мојата тежина, имав ужасна нездрава врска со храната и не верував дека моето тело може да биде фит и здраво – а еве ме сега. Ако јас можев да се променам, можете и вие. Во последно време, многумина ме прашуваат која е мојата тајна. Нема тајна, тоа е она што не сакате да го слушнете затоа што веќе го знаете. Ако сакате промена, едноставно треба да ја направите. Вие сте доволно силни и заслужувате долг, здрав живот“ - пишува таа.

Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс

На Мери Џејн ѝ било важно да има венчаница во стандардна големина, а не да плаќа дополнително за „plus-size“ броеви. Благодарение на вложениот труд, таа си ја исполнила желбата.

„Слегувањето по скалите кои водеа до олтарот ми донесе огромно задоволство, затоа што знаев дека присуствуваа луѓе кои ме немаа видено од времето кога бев многу поголема. Тоа беше драматичен момент“ - раскажува таа.

Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс

Најзначајната лекција што Мери Џејн ја извлекла од целото искуство е: „Потребни ви се конзистентност и посветеност. Ќе успее само ако го посакувате.“

Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс Мери Џејн и Алекс
Tags
големо слабеење

Најнови

  • Блејк Лајвли во дамски празничен стајлинг на забава

    Fri, 12/26/2025 - 13:22
  • Сара Мејс со семејството

    „Пишуваме писма за Дедо Мраз, за Бадник сè подготвуваме со децата“: Празнично со Сара Мејс

    Fri, 12/26/2025 - 13:00
  • Романтична приказна во „Пепелашка“ стил: Трејлерот за новата сезона на хит-серијата „Bridgerton“

    Fri, 12/26/2025 - 12:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.