Олимпијката Линдзи Вон со фотографии на кои го покажува целулитот и позитивна порака возврати на навредите за изгледот
Почетна » Новости » Занимливости » Олимпијката Линдзи Вон со фотографии на кои го покажува целулитот и позитивна порака возврати на навредите за изгледот

Олимпијката Линдзи Вон со фотографии на кои го покажува целулитот и позитивна порака возврати на навредите за изгледот

Многумина онлајн немарно се расфрлаат со негативни коментари и навреди за туѓите тела, без да се замислат колку многу им наштетуваат на лицата за кои се адресирани тие зборови. Ниту една од најуспешните скијачки на светот не остана незасегната од „сајбер булингот“.

Линдзи Вон реши да возврати на сè повеќето навреди кои ги добива. Славната Олимпијка, која може да се пофали со бројни златни медали, сподели фотографии на кои гордо го покажува целулитот и „витките“ на стомакот, заедно со позитивна порака:

Линдзи Вон Линдзи Вон

Во изминатиот период, објавив неколку фотографии во костими за капење, што е пострашно одошто можете да си замислите. Дури и како спортистка со соочувам со безмилосни коментари и стории во медиумите кои го „растргнуваат“ моето тело и признавам, тоа понекогаш ме боли.

Јас сум нормална личност и понекогаш се свиткувам, стомакот ми се превиктува, ми се познава целулитот на задникот или не го исполнувам добро горниот дел од бикините... Но, секогаш се потсетувам како моето тело ми помогна да постигнам неверојатни нешта во животот и се гордеам колку сум силна.

Линдзи Вон

Не сум големина 0 и тоа е во ред за мене. Едно нешто што можам да ви ветам е дека никогаш не ги фотошопирам моите фотографии и се гордеам што никогаш не сум си направила никаква пластична операција. Нема ботокс, нема филери, нема мини операции. Буквално ништо. Јас сум 100% природна и 100% Линдзи.

Па, до сите кои се чувствуваат непријатно или тажно поради нивниот изглед: останете силни, останете здрави и сакајте се без оглед на тоа што велат хејтерите.

Специјална благодарност до оние кои се позитивни и ме поддржуваат... да продолжиме да ја негуваме културата на позитивност кон телото!

Линдзи Вон Линдзи Вон

Со ваквата постапка, Вон поттикна бран охрабрувачки коментари.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.