Почетна » Новости » Занимливости » Од штала на полуматура: Девојка, која по училиштето се грижи за кравите, го одушеви регионот

Од штала на полуматура: Девојка, која по училиштето се грижи за кравите, го одушеви регионот

Анѓелија Илиќ од Србија го одушеви регионот со својата трансформација на денот на полуматурата.

15-годишната девојка, која по часовите се грижи за кравите, објави TikTok видео во кое прво се појавува во штала, а потоа во свечен фустан. Во видеото, Анѓелија прво се снима во работната облека во која се грижи за кравите, а веднаш потоа покажува како изгледа дотерана на својата полуматура.

@_farma_ilic_ #agriculture❤ #rutevac #farmlife #fouryoupage ♬ original sound - _ti_i_ja_pod_zvijezdama
Анѓелија Илиќ Анѓелија Илиќ

Вредната девојка доби лавина од комплименти на социјалните мрежи, а нејзиното видео има повеќе од 2,5 милиони прегледи на популарната социјална мрежа.

„Секоја чест убавице“, „Респект девојко“, „Пример“, „Ти девојко си убава на двата начини“, „Ти си убава во душата“ – се само дел од коментарите.

@_farma_ilic_ #fyp #viralvideo #agriculture #farmlife #rutevac #foryou ♬ original sound - Andjelija Ilić

Во интервју за Prva, Анѓелија раскажа дека многумина мислат дека таа оди во штала само за да прави видеа и да се фотографира, но тоа не било воопшто точно.

„Се будам околу 5-6 наутро и ја копаме силажата. Како што велат родителите, јас им сум десна рака. Работиме заедно со мама, тато, баба и дедо.“

„Кравите научив да ги молзам пред 4 години. Мама ме научи. На почетокот беше тешко, но потоа се научив. Секоја крава има свое име.“

„Ретко кој го поддржува овој живот од младите генерации. Сите мислат дека се влегува во шталата само за снимање, фотографирање и прегледи и веднаш да се излезе. Но, тоа не е точно“ – рече Илиќ.

Анѓелија Илиќ Анѓелија Илиќ Анѓелија Илиќ

Анѓелија има и други видеа со кои постојано изнудува комплименти на TikTok.

@_farma_ilic_ #farmlife #fouryoupage #agriculture❤ #rutevac ♬ original sound - Andjelija Ilić
Анѓелија Илиќ Анѓелија Илиќ Анѓелија Илиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14376 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.