„Овие деца се апсолутен благослов“: Прекрасна фотосесија со деца со Даунов синдром
Почетна » Новости » Занимливости » „Овие деца се апсолутен благослов“: Прекрасна фотосесија со деца со Даунов синдром

„Овие деца се апсолутен благослов“: Прекрасна фотосесија со деца со Даунов синдром

Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром, па по тој повод, Ерика Данлап сними прекрасна фотосесија со деца со ова хромозомско харушување, познато и како трисомија 21.

Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап

Талентираната фотографка била пријатно изненадена од позитивноста на овие деца. За фотосесијата таа пишува:

Разликата меѓу обичното и извонредното е само тоа мало ‘екстра’.

Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром.

Дауновиот синдром се случува случајно... како да фрлиш паричка и да ти падне лото. На овие родители им паднал џекпот! Никогаш не сум имала толку многу насмевки во една фотосесија. Добив повеќе прегратки отколку што некое дете ми подарило досега и си заминав од сесијата пресреќна. Овие деца се апсолутен благослов!

Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап

Ерика сними позитивна фотосесија со уште едно мало девојче со Даунов синдром – Џоси. Во неа била вклучена и нејзината мајка, која го раскажала своето искуство:

Ерика Данлап Ерика Данлап

Кога забременив со Џоси бев многу исплашена! Мојот прв тест покажа дека има 1 на 108 шанси моето бебе да се роди со Даунов синдром и дека тоа е висок ризик. Следно ми направија подетален тест преку крвта и тој покажа дека има 9 од 10 шанси моето бебе да има Даунов синдром. Ми понудија амниоцентеза, но јас реков ‘НЕ’, бидејќи знаев дека ќе ја родам без разлика на сè, а постоеше голем ризик од спонтан абортус. Веќе имав еден спонтан абортус пред Џоси, па таа е моето бебе-виножито.

Бев исплашена, збунета и срцето ми беше скршено. Не поради тоа што имаше Даунов синдром, туку поради тоа што си замислував какво ќе биде моето дете. Знам дека звучи чудно, но морав да тагувам за детето кое мислев дека ќе го имам. Но, добив многу повеќе отколку што некогаш можев да замислам. Џоси е многу среќна, забавна и е најубавото бебе пто некогаш сте го виделе во животот. Таа ми ги надмина очекувањата кои ги имав за моето бебе. Таа е најсовршениот ангел. Бог знаеше што ми треба, па ми ја испрати Џоси. Ова патување не беше како што планирав, но со сигурност го обожавам мојот туристички водич.

Ерика Данлап Ерика Данлап Ерика Данлап

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4934 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.