Ова се 10 од најплатените деца на Instagram, најмалото има само една година
Почетна » Новости » Занимливости » Ова се 10 од најплатените деца на Instagram, најмалото има само една година

Ова се 10 од најплатените деца на Instagram, најмалото има само една година

Социјалните мрежи нудат големи можности за заработка и тоа не само за возрасните личности, туку и за децата. Верувале или не, едно дете може да заработи илјадници долари со еден спонзориран пост на Instagram.

Британската онлајн продавница за бебиња Bella Baby ги анализираше профилите на некои од најпопуларните ѕвездички на Instagram кои редовно привлекуваат понуди за соработка и состави листа со 10-те најплатени деца под 10 години. Еве кои се тие и колкава е нивната заработка според анализите на Bella Baby:

Еверли Роуз Сутас

7-годишното девојче од Лос Анџелес го следат 5,1 милиони обожаватели и заработува меѓу 10.119 и 16.867 долари за еден пост на Instagram. Во просек, нејзините објави добиваат над половина милион лајкови.

Ел Лајвли МекБрум

4-годишното девојче има 5 милиони обожаватели на Instagram и за една објава може да наплати меѓу 10.000 и 16.666 долари. Нејзините објави во просек имаат по милион лајкови.

Нејзината сестра Алеја е на петто место на листата, а нејзиното 3-месечно братче веќе има еден милион фанови.

Семејството Стауфер

Кејти Стауфер го создала профилот за да објавува фотографии од нејзините три деца, но по раѓањето на близначки во 2014 година, неговата популарност брзо пораснала. „Авантурите“ на нејзините пет деца во моментов ги следат 3,5 милиони лица.

Според Bella Baby, за еден спонзориран пост, тие заработуваат меѓу 7.081 и 11.803 долари. Неодамна, тие лансираа линија за детска облека за Walmart.

Тајтум и Окли Фишер

Слатките 4-годишни близначки, кои им се ќерки на YouTube ѕвездите Медисон Бонтемпо и Кајлер Фишер, имаат 3,1 милиони обожаватели. Тие заработуваат меѓу 6.213 и 10.356 долари за една објава.

Алеја Мери МекБрум

Едногоришната сестричка на Ел, која е на второ место на листата, има 2,8 милиони следбеници и заработува меѓу 5.612 и 9.353 долари. Нејзиниот профил беше создаден две недели по нејзиното раѓање.

Ава и Леа Клементс

Познати и како „најубавите близначки на светот“, 9-годишните девојчиња имаат привлечено 1,8 милион фанови. За една објава, нивната заработка се движи меѓу 3.558 и 5.929 долари.

Асад Так Калед

3-годишниот син на диџеј Калед има 1,7 милиони обожаватели и неговата заработка се движи меѓу 3.435 и 5.727 долари за една објава.

Ева Мари Фоли

Седумгодишното девојче има над 800 илјади фанови и заработува меѓу 2.404 и 4.000 долари по објава. Заедно со најплатеното девојче Еверли имаат уште еден профил @foreverandforava кои има 1,1 милион обожаватели. Успешното дуо полека стекнува слава и на TikTok.

Коко Пинк Принцес

Деветгодишната Коко од Токио има 635 илјади фанови и заработува меѓу 1.880 и 3.133 долари по објава. Нејзините родители имаат винтиџ продавница.

Бумер Фелпс

Синчето на пливачката легенда Мајкл Фелпс има мрежа обожаватели која се состои од 610 илјади лица. За еден пост, 4-годишното момче заработува меѓу 1.806 и 3.000 долари.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4936 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.