Обожавателка на војвотката Кетрин го копира нејзиниот стил и досега има пресоздадено 150 комбинации
Почетна » Новости » Занимливости » Обожавателка на војвотката Кетрин го копира нејзиниот стил и досега има пресоздадено 150 комбинации

Обожавателка на војвотката Кетрин го копира нејзиниот стил и досега има пресоздадено 150 комбинации

Обожавателка на војвотката Кетрин постојано ги следи и пресоздава нејзините модни комбинации. Досега таа има ископирано 150 стајлинзи на Војвотката и за тоа има потрошено илјадници долари.

Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес

Даниел Мегнес е мајка на едно дете која го обожава стилот на Кетрин. Таа го претворила копирањето на нејзиниот изглед во свое хоби откако ја видела во синиот фустан за свршувачката во 2010 година.

„Кога ја видов првпат во синиот прекрасен фустан од Issa, се заљубив во нејзиниот стил. Нејзиниот изглед е класичен, но таа ги следи и трендовите, па затоа секогаш изгледа модерно. Нејзиниот стил е сличен на мојот што е важно, бидејќи ќе можам да ги носам нејзините стајлинзи на работа или кога сум активна со моето 3-годишно дете“ – вели таа.

Даниел постојано го следи распоредот со активности и модните избори на Кетрин. „Ако има настан на кој таа можеби ќе носи фустан или аутфит кој може да влезе во мојот буџет, веднаш се обидувам да го купам. Многу се трудам да го купам тоа парче пред да се распродаде. За тоа морам цел ден да проверувам на Facebook или Instagram со надеж дека некој ќе го идентификува парчето“ – објаснува Даниел за начинот на кој ги пресоздава комбинациите на Кетрин.

Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес Даниел Мегнес

Кога не може да си дозволи да купи некоја креација, Даниел трага по слична облека на eBay. Понекогаш, потрагата по складна облека трае со месеци.

Покрај Кетрин, 39-годишната Американка ги обожава и Пипа Миделтон и Меган Маркл.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 5006 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?