Новинарка исмеа маж за предлог за брак во KFC, сега парот се радува на наплив на добрина од целиот свет
Почетна » Новости » Занимливости » Новинарка исмеа маж за предлог за брак во KFC, сега парот се радува на наплив на добрина од целиот свет

Новинарка исмеа маж за предлог за брак во KFC, сега парот се радува на наплив на добрина од целиот свет

Видео од предлог за брак снимено во KFC во Јужноафриканската Република стана вирален хит на интернет, а скромниот пар доби подароци од некои од најголемите брендови во светот.

Видео

Во видеозаписот се гледа како маж е застанат на колено и ѝ преглага брак на својата сакана во KFC, а таа блика од среќа додека присутните им аплаудираат. И покрај позитивните реакции онлајн, големо внимание привлече пост од новинарка која се обиде да го исмее заљубениот маж. „Мажите во Јужноафриканската Република се толку сиромашни, што запросуваат во KFC. Тие апсолутно немаат класа, кој ли предлага брак во KFC“ – напиша таа и додаде емотикони кои се смеат.

Предлог за брак во KFC

Сепак, кој последен се смее, најслатко се смее.

Од KFC South Africa го споделија видеото од парот и ги замолија своите обожаватели да им помогнат да ги пронајдат заљубените партнери. „Ја сакаме љубовта“ – напишаа тие.

За само 10 дена, видеото е прегледано повеќе од 4 милиони пати и има 76 илјади допаѓања, а со помош на онлајн заедницата, парот беше пронајден.

Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC

Бројни познати компании бесплатно им ги понудија своите производи и услуги на идните младенци Хектор и Нонланла и тие добија бесплатна свадба, телефони, фотоапарат, свадбена фотосесија, статија во списание, меден месец, свадбена торта, третмани за разубавување, прстени, кујна...

Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC Предлог за брак во KFC

„Невработен сум, па немав доволно пари за да ѝ дадам на жена ми Нонланла соодветна свадба и накит, но сакав да ѝ подарам нешто симболично. Ти благодарам Јужноафриканска Република, твојата добрина навистина нè згреа. Никогаш не помислувавме дека нашата љубовна приказна ќе трогне толку многу од вас“ – изјавил Хектор.

Предлог за брак во KFC

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4118 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?