Никогаш не е доцна: 103-годишна бабичка си ја направи првата тетоважа за да си оствари една од животните цели
Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е доцна: 103-годишна бабичка си ја направи првата тетоважа за да си оствари една од животните цели

Никогаш не е доцна: 103-годишна бабичка си ја направи првата тетоважа за да си оствари една од животните цели

Смела бабичка не дозволува возраста да ѝ влијае на поставената мисија да ги реализира животните цели.

Откако поминала месеци во карантин во дом за стари лица, Дороти Полак излегла со нови желби, а првата била да си направи тетоважа од жаба.

„Беше мошне возбудливо, затоа што пред повеќе години внук ми сакаше да се истетовирам, но јас не сакав. Одеднаш решив дека сакам тетоважа и дека ако можам да се истетовирам, тоа да биде жаба, бидејќи ги сакам жабите“ – изјавила Дороти, која во јуни наполни 103 години во домот за стари лица во Мичиген.

Нејзината внука Тереза објави фотографии од тетовирањето и сподели дека Дороти била многу депресивна за време на карантинот поради коронавирусот.

Дороти Дороти Дороти Дороти Дороти Дороти

„КОВИД-19 со месеци ја држеше во затвор. Сестрата во домот рече дека беше ужасно депресивна и сакавме да ја извадиме оттаму. Не смеевме да ја посетуваме, па не знаевме како е“ – рекла Тереза за CNN.

Сега, кога Дороти е слободна да се движи насекаде, желна е да има што повеќе авантури. Таа веќе си исполни и втора желба – да се вози на мотор.

Дороти Дороти

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8654 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.