Почетна » Новости » Занимливости » „Нема да биде засекогаш“: Мајка со текст потсетува колку брзо растат децата

„Нема да биде засекогаш“: Мајка со текст потсетува колку брзо растат децата

Првите години од мајчинството се хаотични, непредвидливи, тешки и истоштувачки, а истовремено се прекрасни и им носат на родителите нова љубов која дотогаш не ја почувствувале.

Блогерката Даниела Лазар ги потсетува родителите дека децата растат брзо и дека моментите кои ги имаат сега со нив нема да траат засекогаш. А кога ќе ги нема... ќе им недостигаат.

Мајка

Нема да биде засекогаш.

Деновите кога сум преморена од денот уште пред тој да започнал од ноќта помината во нишкање, лулање и шишкање на бебе кое не сака да спие.

Нема да биде засекогаш.

Планините со облека за перење, караниците меѓу децата, влечењето на моите панталони и постојаниот куп садови во мијалникот.

Нема да биде засекогаш.

Летањето низ вратата по ноќ со будења од бебешки плач во 3 наутро и кошмар во 5. Избрзаното јадење житарки за појадок додека се карам со самата себе дека не си направив нешто поздраво.

Нема да биде засекогаш.

Болките во моето тело од тежината на светот кој ме смачкува ментално и физички секој ден.

Нема да биде засекогаш.

Секојпат кога јадам оброк, мали раце да грабаат од мојата чинија или од мојата уста она што го јадам.

Но, нема да биде засекогаш.

Гушкањето со моите деца пред да заспијат со моите раце обвиени околу нивните мали тела, вдишувајќи ја нивната миризба и чувствувајќи ја нивната топлина.

Нема да биде засекогаш.

Импровизираните забави со танцување, печењето колачиња и читањето книги пред спиење.

И ќе ни недостига:
љубовта, фрустрациите и радоста.

Ќе ни недостига сè.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.