Нежно писмо на татко за новороденото дете: „Ќе те држам цврсто, но ќе ја држам мајка ти поцврсто“
Почетна » Новости » Занимливости » Нежно писмо на татко за новороденото дете: „Ќе те држам цврсто, но ќе ја држам мајка ти поцврсто“

Нежно писмо на татко за новороденото дете: „Ќе те држам цврсто, но ќе ја држам мајка ти поцврсто“

Писмо на татко, напишано за неговиот новороден син, стана хит и разнежни многу родители низ светот.

Во него, Вилијам ја истакнува големината на мајчината љубов и признава дека никогаш нема да може да ѝ се оддолжи на сопругата што му роди дете.

„Мојот живот доби нова смисла. Секој ден, како што тој расте, расте и мојата љубов кон Лорен. Едно од најголемите нешта кои можам да ги направам за него е да ја сакам неговата мајка со сè што имам“ – изјавил тој откако текстот стана хит.

Татко

Девет месеци, мајка ти беше сè што ти познаваше.

Пред јас да те земам во раце, мајка ти те држеше и никогаш не те пушти.

Пред јас да го жртвувам моето време за тебе, мајка ти со задоволство го жртвуваше нејзиното тело.

Пред јас да те тешам кога ќе беше вознемирен, мајка ти те тешеше само со биењето на нејзиното срце.

Пред јас да те смирувам кога ќе беше неспокоен, мајка ти те смируваше само со нејзиниот глас.

Пред јас да можам да направам што било за тебе, мајка ти даде сè за тебе.

Мајка ти е причината што те држам денес.

Дури и пред да станеш искра во моите очи, ти беше дел од срцето на мајка ти.

Твојот живот, твојата безбедност и целото твое постоење зависеа од неа. Нешто за што јас никогаш нема да можам да се оддолжам.

Ќе ти треба долго време за да ја разбереш тежината, длабочината и неизмерноста на љубовта која мајка ти ја има кон тебе.

Но, еден ден, кога ќе имаш свои деца, ќе го видиш она што јас сега го гледам многу јасно.

Затоа, ќе те држам цврсто. Но, ќе ја држам мајка ти поцврсто, бидејќи колку повеќе ја разбирам големината на мајчината љубов, толку повеќе расте мојата љубов кон тебе.

Татко

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3592 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?