Најголемата сауна во светот ќе биде во Шведска
Почетна » Новости » Занимливости » Најголемата сауна во светот ќе биде во Шведска

Најголемата сауна во светот ќе биде во Шведска

Најголемата сауна во светотМодел на најголемата сауна во светот

Градбата на најголемата сауна во светот веќе е во тек. Грандиозниот комплекс се гради во Хапаранда, на границата помеѓу Шведска и Финска и ќе биде целосно подготвен за туристите во јуни 2010г.

Спа центарот ќе изгледа како храм на Маите со 12 нивоа, ќе има бар на врвот, неколку базени од кои еден со ладна вода и 4 сауни.

„Во оваа област веќе постојат неколку занимливости, кои ги привлекуваат туристите. Има претставништво на Ikea и голем трговски центар. Тоа веќе привлекува 2 милиони туристи годишно, но нивните посети се краткотрајни. Со спа центарот се надеваме да ги задржиме туристите цел викенд.“ – изјави Кристина Лампинен, директорка на хотелот.

На почетокот, овој комплекс вреден 5 милиони евра, треба да го привлече окото на туристите од Шведска и Финска, а потоа и на туристите од целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4115 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?