Почетна » Новости » Занимливости » Насмевнете се! Денес е Светскиот ден на насмевката

Насмевнете се! Денес е Светскиот ден на насмевката

Сакате да направите добро дело? Измамете насмевка на нечие лице. Денес се одбележува Светскиот ден на насмевката, кој треба да нè потсети дека и најмалите гестови имаат моќ да разубават нечиј живот. Низ целиот свет овој ден пренесува иста порака: „Направете добро дело. Помогнете ѝ на една личност да се насмевне“.

Светскиот ден на насмевката

Создаден во 1999 година по иницијатива на креаторот на „smiley“, Харви Бол, Светскиот ден на насмевката се одбележува секој прв петок од месец октомври. Зад неофицијалниот празник се крие идејата да не заборавиме да се смееме, но и да не заборавиме колку е важно да предизвикуваме насмевки.

Докажано е дека насмевката е заразна, па насмевнете се и пренесете го чувството на среќа на луѓето околу вас. Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење, споделувајќи ведрина преку искрена насмевка. Денес несебично споделете ја вашата радост и раширете позитивна енергија. Запомнете, среќата никогаш не се намалува поради тоа што е споделена.

И не заборавајте дека насмевката не познава граници, национална, расна, религиозна или политичка припадност. Сите се смееме на ист јазик!

Еве мал стимул за да блесне вашата насмевка:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.