Музичкиот спектакл на Телеком со Каролина, Северина и Моралес
Почетна » Новости » Занимливости » Музичкиот спектакл на Телеком со Каролина, Северина и Моралес

Музичкиот спектакл на Телеком со Каролина, Северина и Моралес

Порта Македонија завчеравечер се претвори во центарот на сите случувања благодарение на музичката програма што беше подготвена за големиот музички спектакл. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.

Илјадници луѓе од различни возрасти уживаа во музичката забава која ја приреди Македонски телеком по повод станувањето еден бренд, еден Телеком.

Телеком

Концертот започна Каролина со песните од последниот албум „Македонско девојче“. Публиката во еден глас со неа ги пееше стиховите на „Две лири“ , „Ружа Ружица“, „Пролет лето есен зима“ и ред други хитови, додека Гочева со својот префинет стил и моќен глас блескаше на сцената.

Телеком

Следуваше вистинско „откачување“ со хрватската поп атракција Северина Вучковиќ. Неверојатна секси појава, висока потпетица и Севе стисна на гасот, подигнувајќи ја атмосферата на едно сосема поинакво ниво. Жената која зад себе има 25-годишна кариера предизвика еуфорија во центарот на Скопје.

Телеком Телеком

Вечерта беше резервирана за светскиот диџеј Дејвид Моралес. Неговите сетови ја забавуваа публиката до два часот по полноќ, претворајќи го центарот на градот во клуб на отворено.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18596 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?