Моќно видео ја става во фокусот тажната вистина за девојчињата-невести
Почетна » Новости » Занимливости » Моќно видео ја става во фокусот тажната вистина за девојчињата-невести

Моќно видео ја става во фокусот тажната вистина за девојчињата-невести

Поради шокантните податоци дека 15 милиони девојчиња годишно се принудени да стапат во брак пред да прослават полнолетство, УНИЦЕФ ја започна кампањата #ENDchildmarriage, со мисија да се стави крај на детските бракови.

Во соработка со свадбениот блог „Bridal Musings“, Фондот за деца при Обединетите Нации сними видео со кое цели да ја зголеми свеста за детските бракови.

ВИДЕО

This looks like a storybook wedding. Except for one thing...

Posted by UNICEF on Tuesday, March 8, 2016

Во видеозаписот, најпрво се прикажани подготовки за свадба, настан кој треба да биде најсреќниот момент од животот на една девојка, но подоцна се открива дека станува збор за мало девојче кое е присилено да се омажи за повозрасен маж.

Зборовите „Таа ми припаѓа мене“ и „Тој ме поседува“ се испишани на свадбените декорации.

„Сите ќе се согласиме дека ова видео е вознемирувачно, но сепак 41.000 девојчиња под 18 години ќе бидат омажени денес – во вистинскиот живот“ – велат од УНИЦЕФ.

„Нигер има највисока стапка на детски бракови на глобално ниво, со три четвртини од сите девојки во земјата мажени пред нивниот 18. роденден, но тоа е само дел од 15 милиони девојчиња кои стануваат малолетни невести секоја година“ – изјавила Салми Беберт, специјалист за заштита на деца од УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео

Програмата ќе се фокусира на спречување на девојчињата да се венчаат и помагање на оние кои веќе стапиле во брак. „Ако продолжат сегашните трендови, вкупниот број на жени кои се мажат во детството ќе порасне од 700 милиони денес, до 950 милиони – речиси 1 милијарда до 2030 година“ – изјавуваат од УНИЦЕФ.

УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео УНИЦЕФ видео

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8694 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.