„Морав да го извлечам моето семејство оттаму“: Принцот Хари се отвори за одлуката да се пресели со Меган и синот
Почетна » Новости » Занимливости » „Морав да го извлечам моето семејство оттаму“: Принцот Хари се отвори за одлуката да се пресели со Меган и синот

„Морав да го извлечам моето семејство оттаму“: Принцот Хари се отвори за одлуката да се пресели со Меган и синот

Принцот Хари гостуваше во емисијата на Џејмс Корден. За новото издание на „The Late Late Show“ снимено во Лос Анџелес, Хари и Џејмс се возеа во автобус на два ката типичен за Лондон, пиеја чај и ја посетија куќата во која се снимаше популарната серија „The Fresh Prince of Bel-Air“.

Во интервјуто, британскиот принц и познатиот водител разговараа за одлуката за преселување на Хари и Меган со синчето во Лос Анџелес и за моментот кога Хари почувствува дека Меган е вистинската за него.

Принцот Хари во емисијата на Џејмс Корден

Многу значајна е одлуката да се повлечете од кралското семејство. Зошто сметаше дека тоа е неопходно и правилно за тебе и твоето семејство?

„Беше многу тешка околина, како што многу луѓе видоа. Сите знаеме какви можат да бидат британските медиуми. И тоа ми го уништуваше менталното здравје. Навистина, ова е токсично. Па го направив тоа што секој сопруг и татко би го направил. Морав да го извлечам моето семејство оттаму. Ние никогаш не се повлековме“ – одговори Хари.

Кога знаеше дека Меган е вистинската за тебе?

„На вториот состанок почнав да размислувам, ова е навистина специјално. Не беше важно каде сме, важна беше конекцијата и на двајцата ни беше комфорно во меѓусебното дружење. Состанувањето со мене, или со било кој друг член на кралското семејство, е испревртено. Сите состаноци стануваат домашни вечери, гледање на телевизија или разговарање во домашна атмосфера. И евентуално откако ќе станете пар, тогаш започнувате да излегувате на вечери, или на кино или каде било, па сè беше наопаку со нас. Затоа, минувавме многу време само ние двајцата, наместо да одиме на гости кај пријателите или на вечера надвор каде што ќе ни беше одвлекувано вниманието. Немаше дистракции и тоа беше одлично. Отидовме од 0 на 60 само во првите два месеци’ – вели Хари.

ВИДЕО:

Џејмс и Хари имаа и видео разговор со Меган.

Принцот Хари во емисијата на Џејмс Корден Принцот Хари во емисијата на Џејмс Корден Меган и Хари неодамна споделија дека го очекуваат второто дете. Меган Маркл и принцот Хари

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6789 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.