Момче со Даунов синдром не можеше да оди во Дизниленд за роденденот, доби изненадување од сестра си
Почетна » Новости » Занимливости » Момче со Даунов синдром не можеше да оди во Дизниленд за роденденот, доби изненадување од сестра си

Момче со Даунов синдром не можеше да оди во Дизниленд за роденденот, доби изненадување од сестра си

Малиот Сем наполни 8 години во екот на пандемијата, па не можеше да си ја исполни желбата да оди во Дизниленд за својот роденден.

Неговата сестра Ела организираше прекрасно изненадување, овозможувајќи му на Сем да се чувствува како да се вози на ролеркостер.

На телевизорот течеше видео од луда железница, додека таткото и уште една девојка го нишаа Сем во кутија, а Ела истовремено го прскаше со вода за да го надополни ефектот.

Видеото било снимено во мај, но родителите го споделија сега, бидејќи октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром.

По олабавувањето на мерките, Сем го посети Дизниленд и се забавуваше со семејството.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9808 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.