Момче било исмејувано за долгата коса, негова цел била да ја донира за болни деца
Почетна » Новости » Занимливости » Момче било исмејувано за долгата коса, негова цел била да ја донира за болни деца

Момче било исмејувано за долгата коса, негова цел била да ја донира за болни деца

Луѓето понекогаш судат според изгледот без да ја знаат вистинската приказна зад него.

12-годишно момче било исмејувано од многумина поради долгата руса коса. Но, целта на добродушниот Морган била да ги донира своите прамени за создавање перики за болни деца кои ја изгубиле својата коса како последица на лекување.

„Ме иритира кога луѓето си мислат дека сум девојче. Најчесто кога ќе влезам во машкиот тоалет, луѓето ме гледаат чудно. Дури и возрасните ме гледаат чудно и ми велат: ‘Што правиш ти во овој тоалет?’“ – рекол Морган.

Морган Морган Морган Морган Морган Морган Морган Морган

Досега, тој двапати ја има донирано својата коса во организацијата „Wigs for Kids“.

Оваа мисија е многу важна за Морган, кој и самиот се има соочувано со сериозни здравствени проблеми уште на почетокот од неговиот живот. Тој се родил во 29. недела од бременоста на мајка си и ги поминал првите 49 дена во оддел за интензивна нега борејќи се за својот живот.

Морган Морган

„Беше многу тешко и за мене и за сопругот. Не знаевме ни дали воопшто ќе преживее“ – рекла мајката Сандрин и објаснила дека Морган двапати по две години ја растел косата пред да ја подари.

„Колку подолга стануваше неговата коса, толку поосудувачки беа коментарите на луѓето. ‘Што правиш во машкиот тоалет?’, ‘Што ќе нарачаш миличка?’... За секој непријатен коментар, Морган се бореше за себе: ‘Јас сум момче. Ја растам мојата коса за да ја донирам за деца со здравствени проблеми.’“

„Другите деца го прашуваа: ‘Зошто имаш долга коса? Личиш на девојче’. Еднаш, мојот сопруг стоеше зад некои родители на божиќната приредба. Кога Морган се качи на сцената, едниот родител го праша другиот: ‘Дали е ова момче?’ Другиот одговори: ‘Да, тој е во одделението на ќерка ми.’ Првиот родител одговори: ‘Тоа е толку неодговорно родителство.’ Никогаш не го разбрав овој коментар“ – рекла Сандрин.

Морган Морган Морган Морган Морган Морган

„Морган има многу добро срце. Тој секогаш е на страната на децата кои се исмејувани на училиште. Обожава животни и им зборува со сладок глас. Лее солзи за напуштените мачки во стационарите, каде што оди многу често. Сака да си игра со мали бебиња и покрај тоа што е речиси тинејџер. Не му пречи да ги даде своите играчки и честопати ги донира. Многу е чувствителен, промислен и благодарен за секој подарок што ќе го добие“.

„Погодете што ми рече по неговата втора донација? ‘Сакам да го направам ова и третпат’“ – рекла мајката.

Морган Морган Морган

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 9453 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.