„Ми влеа толку многу љубов за да заздравам“: Маж со емотивен пост за мајка му која го посвои пред 30 години
Почетна » Новости » Занимливости » „Ми влеа толку многу љубов за да заздравам“: Маж со емотивен пост за мајка му која го посвои пред 30 години

„Ми влеа толку многу љубов за да заздравам“: Маж со емотивен пост за мајка му која го посвои пред 30 години

Родителите кои посвојуваат ранливи дечиња се вистински херои во нивните очи. Со тоа што им подаруваат траен дом и подобар живот, ги спасуваат од сите лоши искуства со кои би можеле да се соочат низ животот.

Маж преку емотивен пост опиша како мајка му, која го посвоила пред 30 години, комплетно го промени текот на неговиот живот. Тој бил физички малтретиран од претходните семејства кои го згрижувале, а жената која го посвоила му помогнала да заздрави, подарувајќи му лавина од безрезервна љубов и грижа.

мајка и син

Прочитајте ја целосната порака:

Јас и брат ми уште од рана возраст бевме сместени во згрижувачки семејства. Тој имаше среќа – отиде во семејство кое се презиваше Рипли. Јас променив четири различни домови во три години, и секој од нив беше полош од претходниот. Го гледав брат ми еднаш на неколку месеци. Госпоѓата Рипли нè носеше на ручек во McDonalds и тогаш за првпат ги забележа лузните по моето тело.

Веднаш поднесе барање за да му се придружам на нивното семејство. Дотогаш зборот „семејство“ не ми значеше многу. Но, Риплиеви направија да се чувствувам како дома.

Кога и да направев нешто погрешно, госпоѓата Рипли ќе седнеше и ќе ми објаснеше зошто тоа не е ОК. А потоа ќе речеше: „Нема да одиш никаде, бидејќи ти си еден од нас сега“. Кратко време откако влегов во ова семејство, на господинот Рипли му беше дијагностициран рак. Истата таа година, тој почина.

Светот на госпоѓата Рипли се распадна. Тие беа заедно уште од средношколските денови. И сега таа беше сама со две згрижени деца.

Никој немаше да ја обвини ако нè вратеше назад. Но, наместо тоа, таа нè посвои засекогаш.

Ние тројцата се вселивме во мал подвижен дом во Мисисипи, каде што таа нè одгледа. Работеше сè што ќе најдеше. Никогаш немавме многу пари, но одевме на кино. Имавме семејни вечери исполнети со игри. Сигурно таа беше под голем стрес, но тоа не е она на што јас се сеќавам. Се сеќавам на афирмациите кои ми ги даваше. Секогаш велеше: „Ти си паметен“, „Ти си згоден“ и „Ти ги преживеа сите тие нешта затоа што си силен“.

Плачеше кога му се придружив на Корпусот на морската пешадија на САД, но знаеше дека тоа ми е најдобра шанса за факултетско образование. На крајот, јас дипломирав на правен факултет. Минатата година добив ќерка и тоа ме стави на емоционален ролеркостер, бидејќи сфатив дека секој мој мал избор ќе влијае на нејзината иднина. Размислував за тоа колку поразличен можеше да ми биде животот. Бидејќи мојот ран развој беше многу спротивен од тоа каков треба да биде на едно дете. Можев да бидам скршен, но не сум. Бидејќи пред 30 години мојата Мајка одлучи да ме задржи. И некако, покрај сета тага и скршено срце, таа ми влеа толку многу љубов за да можам да заздравам.

мајка и син мајка и син мајка и син мајка и син мајка и син мајка и син

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.