Медицински сестри направија роденденска прослава за девојче болно од рак разделено од семејството поради ураганот Ирма
Почетна » Новости » Занимливости » Медицински сестри направија роденденска прослава за девојче болно од рак разделено од семејството поради ураганот Ирма

Медицински сестри направија роденденска прослава за девојче болно од рак разделено од семејството поради ураганот Ирма

Покрај тоа што нанесе огромна штета и згасна десетици животи, ураганот Ирма раздвои многу семејства, заробувајќи ги на различни страни од градовите.

Мало девојче болно од леукемија за својот 3-ти роденден остана во болница само со мајка си, разделено од останатото семејство, кое не можело да го напушти домот за да биде таму на овој специјален ден.

Но, медицинскиот тим во болница во Флорида не дозволи слатката Вилоу да остане без роденденската прослава која ја заслужува. Вработените во болницата ѝ купија подароци, ѝ однесоа торта и пееја и се забавуваа заедно со насмеаната Вилоу и нејзината мајка, која ронеше солзи-радосници.

ВИДЕО:

Имено, два дена пред големата бура, на Вилоу ѝ била дијагностицирана леукемија и веднаш била хоспитализирана. Нејзината мајка останала со неа во болница, додека докторите ја подготвувале за хемотерапија.

Таткото и поголемата сестра на Вилоу останале одма, бидејќи бил огромен ризикот доколку тргнеле кон болница во страшното невреме.

Вилоу роденден во болница Вилоу роденден во болница Вилоу роденден во болница Вилоу роденден во болница Вилоу роденден во болница

Насмевката на лицето на Вилоу е доказ дека медицинскиот персонал навистина ѝ го разубавил денот и барем накратко ја оттргнал од грижите за болеста.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19568 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.