Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на дете со церебрална парализа измисли помагало со кое децата инвалиди можат да одат

Мајка на дете со церебрална парализа измисли помагало со кое децата инвалиди можат да одат

Сакајќи да му помогне на синот со церебрална парализа да се движи, една мајка измисли помагало кое сега им овозможува на многу деца инвалиди да одат.

Upsee

На Деби Илнејтан ѝ кажале дека нејзиниот син Ротем никогаш нема да прооди кога тој имал само 2 години. Малото детенце ги минувало деновите во седечка или лежечка положба, а Деби очајно сакала тој да биде исправен и да се движи. Така се родило генијалното помагало за движење наречено Upsee.

Илнејтан создала специјални каиши кои ѝ овозможувале да ги врзе телото и стапалата на синчето за нејзината половина и нозете. На овој начин, кога таа ќе направела чекор, правел и малиот Ротем. Малото детенце било пресреќно додека одело, па Деби знаела дека мора да најде начин да им помогне и на други родители кои имаат деца со хендикеп.

Upsee Upsee Upsee

Потребни биле неколку години за таа да пронајде компанија која ќе ја претвори нејзината замисла во готов продукт, кој ќе се продава онлајн. 11 години подоцна, тој производ е достапен за сите родители. Благодарение на Деби, многу деца со хендикеп со насмевка ги прават првите чекори, а нивните среќни родители споделуваат фотографии и видеа од нив на социјалните мрежи.

Посветената мајка неуморно работи на други изуми кои имаат цел да им го олеснат животот на децата со посебни потреби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.