Мало девојче помеша невеста со принцезата од својата омилена книга, реакцијата е преслатка
Почетна » Новости » Занимливости » Мало девојче помеша невеста со принцезата од својата омилена книга, реакцијата е преслатка

Мало девојче помеша невеста со принцезата од својата омилена книга, реакцијата е преслатка

Децата имаат бујна фантазија и со слатка наивност веруваат дека приказните навистина се дел од реалноста.

Реакцијата на мало девојче, кое помисли дека една невеста е принцеза од нејзината омилена книга, ќе ви го растопи срцето.

Невеста Невеста

Двегодишното девојче било воодушевено кога ја здогледало невестата во својата раскошна венчаница. Тоа веднаш помислило дека таа е принцезата од книгата која во моментот ја читале со мајка си, а на чија корица има жена во бел фустан.

Фотографиите од случката биле направени од свадбената фотографка, а на Imgur се објавени од сопругот на невестата Скот Робертсон. Тие се вистински хит на популарната социјална мрежа.

„Жена ми и јас стапивме во брак минатиот февруари. За време на фотосесијата, случајно поминуваше ова мало девојче со мајка си. Девојчето помисли дека мојата убава жена е принцезата од нејзината омилена книга (онаа која ја држи)“ – напиша Скот во описот.

„Мојата сопруга му даде цвеќе од букетот“ – додаде тој.

Невеста Невеста Невеста

„Тоа беше многу сладок момент. Ќерка ми ја носеше со себе книгата „Woman in White“ која ѝ беше омилена таа недела поради корицата со „принцеза“. Па, кога ја видовме Шандајс во нејзиниот прекрасен фустан, нашата ќерка беше маѓепсана“ – рекла мајката на девојчето откако фотографиите станаа хит.

Невеста Невеста

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.