Мала принцеза: 5-годишно девојче болно од рак во прекрасна Дизни фотосесија
Почетна » Новости » Занимливости » Мала принцеза: 5-годишно девојче болно од рак во прекрасна Дизни фотосесија

Мала принцеза: 5-годишно девојче болно од рак во прекрасна Дизни фотосесија

И покрај тешката борба што ја води со ракот, малата Аријана е ведра и позитивна.

5-годишното девојче се претвори во Дизни принцеза и накратко живееше во бајка благодарение на добродушна фотографка.

Слатката Аријана со широка насмевка позираше во костими инспирирани од дизниевите ликови Елза, Снежана, Бела и Мерида и за момент заборави на здравствените предизвици со кои се соочува.

Аријана Аријана

Аријана имала тумор од 13 сантиметри на нејзиниот бубрег кој бил отстранет со операција. Но, за жал, туморот се проширил на другиот бубрег, белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди. Поради хемотерапијата, косата на Аријана започнала да опаѓа, па татко ѝ и неговата девојка одлучија дека треба сите заедно да ги избричат главите.

„Ги гледам фотографиите и знам дека е Ари, знам дека е мојата ќерка. Но, таа буквално изгледа како да може да глуми во сопствен филм, што е супер специјално и неверојатно. Таа докажува дека ќелавоста е убава и ја обожава секоја минута од фотосесијата“ – вели нејзиниот татко.

Аријана Аријана Аријана Аријана Аријана Аријана

Фотографката бесплатно им прави фотосесии на болни дечиња веќе 2 години.

Аријана

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.