Купила 18 невестински фустани, на свадбата носела 9
Почетна » Новости » Занимливости » Купила 18 невестински фустани, на свадбата носела 9

Купила 18 невестински фустани, на свадбата носела 9

Не постои жена што не сака да изгледа совршено на свадбениот ден, па затоа големо внимание се посветува на изборот на невестински фустан.

Како и повеќето идни невести, Хелен Манка се двоумела при изборот на фустан, па за да не погреши, купила 18 невестински фустани. Таа дури и не успеала да ги облече сите на свадбата и се појавила „само“ во девет венчаници.

Во период од девет месеци пред свадбата, 25-годишната Хелен, која работи како модел и заработува 60 000 фунти годишно, купила венчаници со вкупен износ од 20 000 фунти.

ХеленХелен во фустанот број 1

„Секогаш кога ќе пробав некоја венчаница, морав да ја имам. Но, кога ќе ја однесев дома и кога ќе ја споредев со другите фустани, не можев да одлучам“ – изјавила разгалената невеста.

„На крајот, знаев дека 18 се премногу и дека нема да имам време да ги облечам сите што ги купив, па помислив на различните фази од свадбата и решив дека е совршено да носам девет“ – продолжила да објаснува Хелен.

Снежниот замокХелен во фустанот број 2 Снежниот замокХелен во фустанот број 3
Снежниот замокХелен во фустанот број 4 Снежниот замокХелен во фустанот број 5

Богатите родители на Хелен платиле за големата свадба, но не ја откриваат сумата што ја потрошиле. Се знае дека само за шампањско биле потрошени 10 000 фунти.

Снежниот замокХелен во фустанот број 6 Снежниот замокХелен во фустанот број 7

Сопругот на Хелен, 24-годишниот Џо Глас, во моментов е на магистратура по финансии. Во врска со многуте венчаници, тој изјавил: „Многу луѓе ќе си помислат дека Хелен е луда што носеше толку многу фустани, но мене ми се допаѓа тоа што е уникатна во животот. Таа изгледаше прекрасно во секој фустан“.

Снежниот замокХелен во фустанот број 8 Снежниот замокХелен во фустанот број 9

Џо ја побарал Хелен за жена само неколку месеци откако се запознале и го потрошил својот студентски заем за да ѝ купи прстен од бело злато со дијамант.

Хелен заедно со нејзиниот сопруг ЏоХелен заедно со нејзиниот сопруг Џо (во фустанот број 2)

Самата Хелен признала дека е разгалена невеста, но очигледно нема намера да ја скроти својата страст за венчаници.

„Наредното лето решивме да си ги обновиме заветите и тогаш планирам да носам 10 фустани“ – изјавила Хелен за DailyMail.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.