Колумбијката Дијана Трухило: „Кога дојдов во САД не знаев англиски и имав само $300, а денес ја носам НАСА на Марс“
Почетна » Новости » Занимливости » Колумбијката Дијана Трухило: „Кога дојдов во САД не знаев англиски и имав само $300, а денес ја носам НАСА на Марс“

Колумбијката Дијана Трухило: „Кога дојдов во САД не знаев англиски и имав само $300, а денес ја носам НАСА на Марс“

Синоќа, роверот „Perseverance“ на американската вселенска агенција успешно слета на Марс.

Роботот на НАСА неколку години ќе остане на површината на оваа планета и ќе дупчи во почвата за да испита дали има знаци на живот. Тоа ќе го прави со помош на голема дупчалка во вид на роботска рака, која е креација на тимот предводен од Колумбијката Дијана Трухило.

Дијана Трухило Дијана Трухило

Небото дефинитивно не е граница за 41-годишната инженерка, која има инспиративна животна приказна. Дијана е родена во Колумбија, земја каде што имало многу насилство, па ѕвездите и небото биле нејзино безбедно место и таа често ги набљудувала.

На 17-годишна возраст, ги спакувала куферите и без да зборува англиски јазик, со само 300 долари на свое име, се преселила во САД. Во „земјата на можностите“, Дијана чистела домови за да ги плати своите студии и да го оствари својот „американски сон“.

Трухило била првата хиспаноамериканска имигрантка примена на Академијата на НАСА, а во 2008 година, таа станала и дел од НАСА.

Дијана Трухило Дијана Трухило

„Порано чистев куќи, а денес се обидувам да откријам дали има живот на друга планета. Дојдов во САД без да знам англиски јазик со само 300 долари на мое име, а денес ја водам НАСА на Марс“ – вели Дијана.

Дијана Трухило

На секоја млада девојка која сака да ги следи нејзините чекори, таа ѝ порачува:

„Би ѝ рекла да седне во изолиран дел од нејзиниот дом и да размисли што навистина сака. Не се колебај, верувај во себе. Запиши ги твоите вештини. Што е она што сакаш да го правиш? Потоа започни да создаваш план. Откриј кои се луѓето што го постигнале она што ти сакаш да го постигнеш. Откриј како го направиле тоа за да откриеш како да управуваш на твојот пат. Потоа, стави го ова во временска рамка. Сите овие нешта ќе ти помогнат да останеш на правилната патека и ќе те држат на шините“.

Дијана Трухило

„Сакам да му покажам на моето семејство дека жените вредат, дека жените се важни“ – вели таа.

Дијана Трухило

Видео

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 732 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.