„Кога Бог ми те даде тебе...“: Текст кој допира до срцето на мајките
Почетна » Новости » Занимливости » „Кога Бог ми те даде тебе...“: Текст кој допира до срцето на мајките

„Кога Бог ми те даде тебе...“: Текст кој допира до срцето на мајките

Блогерка со емотивен текст ги разнежува мајките низ целиот свет.

Џинџер е мајка на две деца и креаторка на блогот „No Mama’s Perfect“, која преку своите текстови ги уверува мајките дека и покрај тоа што се сметаат себеси за несовршени, тие се совршени за нивните деца.

Трудница

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека срцето ќе ми се исполни до прелевање. Знаеше дека ќе те сакам уште од моментот кога ги здогледав тие први розови линии, кога ги слушнав првите отчукувања на срцето, кога ги почувствував првите клоцања во стомакот.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека срцето ќе ми се скрши на илјадници парчиња. Знаеше дека ќе плачам. Знаеше дека љубовта која ќе ја чувствувам на моменти ќе биде преголема за да може да биде задржана во моето срце – и дека ќе се прелее надвор во форма на солзи.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека ќе се грижам за толку многу нешта – нешта кои можам да ги променам и нешта кои не можам. Знаеше дека ќе се грижам дали јадеш доволно како новороденче или дали учиш доволно како дете. Знаеше дека ќе се грижам кога ќе те испраќам во градинка и кога ќе матурираш. Знаеше дека ќе се грижам кога ќе се разболиш или кога ќе те боли срцето зашто некое другарче те повредило.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека ќе се плашам... на моменти и премногу. Дека ќе чувствувам страв кој можеше да ми ги задуши радоста и надежта ако му дозволев, но Тој секогаш е тука да ме потсети да не се плашам.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека ќе ми биде тешко. Знаеше дека ќе се прашувам дали ги носам најдобрите одлуки за тебе и дека секојдневно ќе се молам тоа да е така. Знаеше дека со целото мое срце ќе копнеам да бидам најдобрата мајка за тебе, но дека понекогаш ќе чувствувам дека не успевам.

Знаеше дека на ова мајчино срце ќе му биде тешко да те гледа додека растеш и да учи да ти ја пушта раката.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека ќе се смеам. Ах, насмевките со кои сум се смеела и кикотењата со кои сум се кикотела само поради тебе... Ми носиш многу радост, премногу радост. Тој знаеше дека ќе танцуваме во кујната, дека ќе се шетаме по улицата и дека ќе дуваме балончиња во дворот.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека понекогаш ќе ги оплескувам нештата, дека ќе правам грешки. Знаеше дека ќе го губам трпението и дека ќе кажувам нешта за кои ќе жалам подоцна. Знаеше дека нема да знам секогаш како правилно да те воспитам или која е најдобрата одлука што треба да ја донесам, без разлика колку силно посакував да постапам правилно.

Кога Бог ми те даде тебе...

Знаеше дека ќе бидам НЕСОВРШЕНА, но Тој исто така знаеше дека ќе бидам СОВРШЕНА мајка за тебе.

Ох... Колку сум благодарна за тој ден.

Кога Бог ми те даде тебе.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2926 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?