Почетна » Новости » Занимливости » И српската блогерка Зорана се изрезили на модна недела во Милано

И српската блогерка Зорана се изрезили на модна недела во Милано

За да не испадне дека се неинформирани за најновите трендови, дизајнери и новости, многу гости на модните недели се подготвени да лажат без око да им трепне. Откако Џими Кимел ги тестираше „експертите“ на Њујоршката модна недела, на ред дојдоа и посетителите на модната недела во Милано.

Од неколку од гостите беше побарано да споделат свое мислење за измислени дизајнери и трендови, а одговорите не може да не ви измамат насмевка. Меѓу посрамените модни ентузијасти се најде и српската блогерка Зорана. На популарната девојка ѝ беа поставени три прашања.

Во видеото, Зорана без двоумење вели дека слушнала за модата на Кимура и дека е неверојатна, без да знае дека станува збор за манга уметник. Потоа храбро изјавува дека веројатно би носела шапка од Кабус бин Саид, без да знае дека зборува за султанот на Оман. На крајот Зорана изјавува и дека е запознаена со делата на Доменико Лупатели (италијански патриот застрелан во далечната 1844 година).

Ако таа доза „експертски“ мислења не ви беше доволна, погледнете го видеото на Џими Кимел со кое тој исмева некои од гостите на модната недела во Њујорк.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.