Инспирација: Пар драстично ослабе и си го трансформираше изгледот, само девојката симна 140 кг
Почетна » Новости » Занимливости » Инспирација: Пар драстично ослабе и си го трансформираше изгледот, само девојката симна 140 кг

Инспирација: Пар драстично ослабе и си го трансформираше изгледот, само девојката симна 140 кг

Кога се сака, сè се може. Брачни партнери со прекумерна тежина драстично ослабеа и си го трансформираа изгледот, а сега водат значително поздрав начин на живот.

Дени и Лекси Рид веќе четири години активно тренираат и внимаваат на исхраната, а сето тоа има видливи резултати. Лекси успеала да „стопи“ 141 кг, додека Дени ја намалил својата тежина за 40 килограми.

Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид

Во 2016 година, на 25-годишна возраст, Лекси тежела 220 килограми. За Нова година, таа си поставила цел дека ќе започне со трансформација на телото.

„Кога имав 220 килограми, сакав да станам подобра верзија од себеси. Се плашев дека ќе умрам пред да наполнам 30 години и знам дека не бев личноста која сакав да бидам за луѓето околу мене. Искрено, сметам дека тоа ме мотивираше повеќе од сè друго, во деновите кога не можев да пронајдам мотивација во себе. Знаев дека сум создадена за многу повеќе, отколку да бидам личност која ќе умре од прејадување, да ги разочарам пријателите и семејството и знаев дека еден ден треба да станам мајка. Имав прекумерна тежина целиот живот, но тоа не значеше дека морав да останам таква. Ние сме доказ дека времето не значи ништо сè дури не сме подготвени да го промениме патот. Заедно можеме да постигнеме сè што ќе намислиме. Започнете од денес!“ – пишува таа.

Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид

ВИДЕО

Лекси минала и низ операција за отстранување на вишокот кожа.

Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид Дени и Лекси Рид

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3599 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?