Индијка го откачила младоженецот на свадбата зашто не знаел да реши проста математичка задача
Почетна » Новости » Занимливости » Индијка го откачила младоженецот на свадбата зашто не знаел да реши проста математичка задача

Индијка го откачила младоженецот на свадбата зашто не знаел да реши проста математичка задача

Невеста од Индија го оставила младоженецот пред олтарот, затоа што тој ѝ дал погрешен одговор на едноставно математичко прашање.

Непосредно пред свадбената церемонија, невестата го прашала својот иден сопруг колку изнесува збирот на броевите 15 и 6. Кога тој ѝ одговорил дека 15 плус 6 е 17, таа без двоумење ја напуштила свадбата.

Индиска свадба

Обидите на семејството на младоженецот да ја премислат решителната Индијка биле неуспешни, бидејќи таа категорично изјавила дека не сака да стапи во брак со неписмена личност. „Многу добро ѝ оди учењето. Сакаше да се омажи за образован маж“ – рекла пријателка на невестата по откажувањето на свадбата.

Таткото на невестата изјавил дека тие не биле информирани за неписменоста на зетот. „Дури и првоодделенец може точно да одговори на прашањето“ – рекол тој во интервју за BBC.

Најголем дел од браковите во Индија се склучуваат со претходен договор меѓу семејствата, па честопати младенците се запознаваат непосредно пред свадбената церемонија.

Неуспешната свадба се случила во Утар Прадеш, сојузна држава во Северна Индија.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?