„Има светлина на крајот од тунелот“: Мајка со фотографија од хаотичниот дом испраќа порака за депресијата
Почетна » Новости » Занимливости » „Има светлина на крајот од тунелот“: Мајка со фотографија од хаотичниот дом испраќа порака за депресијата

„Има светлина на крајот од тунелот“: Мајка со фотографија од хаотичниот дом испраќа порака за депресијата

Депресијата е многу посериозна отколку што многумина си замислуваат и има скриени симптоми кои често се игнорираат.

Лаура Маза, која е мајка на три деца, преку фотографија од хаосот во својот дом и моќна порака се обидува да долови како изгледа борбата со анксиозноста и депресијата.

Хаотичен дом

„Има светлина на крајот од тунелот“ – вели таа, обидувајќи се да ги утеши сите оние кои минуваат низ истото што и таа. Прочитајте ја нејзината порака:

Вака изгледаше мојата куќа три недели.

Не е многу лошо, но вие не можете да ги видите кутиите од брза храна, куповите валкана облека, нечистотијата во бањата. Отпадоците од храна насекаде.

Ова беше депресија.

Ова бев јас додека се труев со кафе чекајќи да ми се зголеми енергијата за да станам да чистам.

Ова бев јас седната на каучот, одговарајќи на пораките ‘Како си?’ со ‘Многу добро’, знаејќи дека тоа е лага. Знаејќи дека всушност се чувствував бескорисна, тажна, безвредна и мрзлива.

Немав мотивација за да си ги измијам забите или да се истуширам. Немав мотивација да си играм со децата или да готвам за нив. Бев анксиозна дека на мојот сопруг ќе му дојде преку глава и дека ќе ме напушти за да биде со друга, некоја која знае што прави во животот.

Колку повеќе размислував за нештата кои треба да ги правам и за тоа каква личност треба да бидам, толку поисцрпена се чувствував.

Ако анксиозноста и депресијата беа луѓе, тие ме туркаа за рамената надолу во каучот, користејќи ја целата нивна тежина. Го чувствував сето тоа. Ритамот на срцето ми беше брз, но тело ми беше бавно.

Не сум слабак, не сум мрзлива, ја сакам миризбата на чиста облека, сакам да се социјализирам, а дури и да готвам за моите деца, но кога депресијата ќе удри, кога аксиозноста ќе удри, тоа е невозможно.

Сакам да кажам: Не е до вас.

Валканите садови не сте вие. Тие не се мерка за вашата вредност. Куповите валкана облека не сте вие. Нарачаната храна не сте вие, и најважно од сè, не се ниту аксиозноста или депресијата. Не сте слаби, не сте безвредни, не сте мрзливи или скршени. Вие поминувате низ нешто и во тие моменти, потребен ви е пријател на кого не му треба извинување за тишината, пријател на кого не му треба да бидете силни кога не сте. Пријател на кого не му пречи ако вашата куќа е хаос, бидејќи вие морате да си ги средите мислите, пред да ја средите куќата.

И тој пријател ви е потребен за да бидете себеси.

Ако денес не направивте ништо друго освен што останавте психички прибрани, тоа е ОК. Утре или следниот ден или следната недела вие ќе станете и повторно ќе го пронајдете она „вистинското јас“. Има светлина на крајот од тунелот, макар и ако вашиот ум ви кажува дека нема.

Откако ја сподели својата приказна, Лаура доби силна поддршка од лица од разни страни на светот.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5997 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?