Иден балетан: Момче од Нигерија танцуваше босо на дожд, стана хит и доби стипендија
Почетна » Новости » Занимливости » Иден балетан: Момче од Нигерија танцуваше босо на дожд, стана хит и доби стипендија

Иден балетан: Момче од Нигерија танцуваше босо на дожд, стана хит и доби стипендија

Видео од 11-годишно момче од Нигерија, кое танцуваше босо во кал на дождот, стана вирален хит. Сега, талентираниот Антони може да го следи сонот професионално да танцува балет, бидејќи доби стипендија во школо во Њујорк.

Овој видеозапис привлече големо внимание бидејќи во Нигерија не е вообичаено момчињата да се занимаваат со балет, па Антони се обидува да го промени тоа.

„Во местото каде што живеам не постојат машки балетани како мене. Кога луѓето гледаат балет тие мислат дека тоа е само за девојчиња. Кога ќе ме гледаат, сакам да знаат дека има балетан кој е машко“ – вели Антони.

Поранешната балерина Синтија Харви била одушевена од страста кон балетот на Антони. Откако го погледнала видеото, таа веднаш започнала да се обидува да стапи во контакт со него и му обезбеди стипендија во школата за танцување „Leap of Dance Academy“.

„Среќна сум кога тој танцува. Мојот совет за сите родители е, кога ќе го откријат талентот кај своето дете, да го следат и да му ја дадат целосната поддршка. Секое дете е талентирано, но проблемот е тоа што не знаеме како да го откриеме талентот кој го поседуваат нашите деца“ – изјавила мајката на Антони.

Антони Антони

„Балетот е мојот живот. Кога танцувам, се чувствувам како да сум на врвот на светот“ – вели Антони.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.