За 6 месеци се венчале 85 пати
Почетна » Новости » Занимливости » За 6 месеци се венчале 85 пати

За 6 месеци се венчале 85 пати

Кога Марк и Дениз Дафилд-Томас за прв пат стапиле во брак во 2008г., сигурно си мислеле дека тоа ќе им биде единствениот свадбен ден во животот.

Но, откако станаа победници во натпреварот „Ultimate Job in the World“ тие добија не уште една, туку уште 85 нови свадби на различни локации низ светот.

Марк и ДенизМарк и Дениз на локациите кои ги посетиле

Во период од 6 месеци среќниот пар стапи во брак дури 85 пати на различни егзотични локации како Индонезија, Тајланд, Јордан и Маврициус. Со тоа тие си обезбедија место во Гинисовата книга на рекордите.

„Ние сме најсреќниот пар на светот. Секој ден ни е меден месец“ – изјавила 31-годишната Дениз.

Дениз и Марк беа избрани да тестираат различни локации за свадби и патувања за меден месец. Тие победија 30 000 други конкуренти за да имаат можност да одат на шестмесечно патување.

Нивното големо свадбено патување започнало на 25. мај, кога во рамките на 48 часа се венчале 5 пати во Њујорк.

Тие изјавиле дека најромантичната венчавка ја имале во хотелски комплекс со 5 ѕвезди во Занзибар, а најчудната во Ирска, кога го кажале судбоносното „да“ на температура од минус 43°C.

„Беше толку ладно што можевме да останеме таму само 3 минути и тоа облечени со големи палта. Моравме да се бакнеме преку маски за лице затоа што ако не го направевме тоа, усните ќе ни се залепеа“ – изјавил 26-годишниот Марк.

Марк го носел истиот костум на 50 од нивните венчавки, а Дениз сменила неколку невестински фустани.

Венчавките на Марк и Дениз – видео

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 9000 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.