За хероите на денешницата: Дечиња од градинка од Велес направија колачиња за здравствените работници
Почетна » Новости » Занимливости » За хероите на денешницата: Дечиња од градинка од Велес направија колачиња за здравствените работници

За хероите на денешницата: Дечиња од градинка од Велес направија колачиња за здравствените работници

Малите дела имаат голема моќ.

Дечиња од градинката „Димче Мирчев“ од Велес им направија колачиња на здравствените работници, за да им изразат благодарност за нивната издржливост и пожртвуваност во борбата со КОВИД-19.

Заедно со спакуваните слатки, поставени беа пораки за благодарност, како: „Ви благодариме за вашата несебичност да помогнете секому“, „Ви благодариме што се грижите за нашето здравје“ и „Ви благодариме за вашата издржливост и хуманост и во најтешките моменти“.

Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“

Во описот на фотографиите стои пораката:

Почитувани херои,

Со многу љубов, внимание и посветеност децата од нашата градинка приготвија колачи во знак на благодарност за најголемите херои на сегашницата, здравствените работници!

Вредните рачиња беа умешни, лицата насмеани, а нашиот тим засекогаш благодарен за Вашиот огромен труд, широка хуманост и непроценливо време! Како дел од проектот ,,Среќа е...” ја издвоивме оваа активност да Ви ја посветиме Вам, бидејќи најмногу заслужувате! Нашите желби за добро здравје се упатени првенствено кон Вас, затоа што Вие сте тие кон кои се наклонуваме во ова време-невреме.

Ви благодариме од сѐ срце!

Со љубов,
ОЈУДГ ,,Димче Мирчев” Велес

Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“ Деца од градинката „Димче Мирчев“

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10474 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.