За првпат по 30 години, Хималаите се видливи од одредени делови од Индија зашто воздухот се исчисти поради изолацијата
Почетна » Новости » Занимливости » За првпат по 30 години, Хималаите се видливи од одредени делови од Индија зашто воздухот се исчисти поради изолацијата

За првпат по 30 години, Хималаите се видливи од одредени делови од Индија зашто воздухот се исчисти поради изолацијата

Луѓето од индискиот град Пенџаб со радост ја споделуваат веста дека можат да ги видат Хималаите за првпат по 30 години. Пенџаб се наоѓа на околу 200 километри оддалеченост, но поради големото загадување на воздухот, жителите никогаш не можеле да го видат планинскиот венец.

Овој „феномен“ се појави откако квалитетот на воздухот во речиси цел свет започна да се подобрува поради социјалната изолација. Во Делхи нивото на PM10 честичките се намали за 44% на првиот ден од рестриктивните мерки во земјата.

„Неверојатно е што ги гледам планините од мојот роден крај“ – рече корисник на Twitter, чија објава стана вирален хит.

Хималаи

Жена од Индија на Twitter напиша дека за првпат во речиси 30 години може јасно да ги види Хималаите од нејзиниот дом.

„Ова е погледот од покривот на нашиот дом во Пенџаб, Индија. За првпат во речиси 30 години можев јасно да ги видам Хималаите поради тоа што рестрикциите во Индија го исчистија воздухот. Едноставно неверојатно!“

Хималаи Хималаи Хималаи Хималаи Хималаи Хималаи

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6805 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“