„Заробени“ во рајот: Младенци кои биле на меден месец заглавија на Малдиви откако аеродромите престанаа да работат
Почетна » Новости » Занимливости » „Заробени“ во рајот: Младенци кои биле на меден месец заглавија на Малдиви откако аеродромите престанаа да работат

„Заробени“ во рајот: Младенци кои биле на меден месец заглавија на Малдиви откако аеродромите престанаа да работат

Младенци останаа заробени на Малдиви откако аеродромите во нивната земја престанаа со работат поради брзото ширење на коронавирусот.

Оливија и Раул Де Фритас требало да бидат на меден месец само шест дена во луксузен ресорт на Малдиви. Но, пред да се вратат во Јужноафриканската Република, каде што живеат, аеродромите прекинаа со работа и тие остана „заробени“ како единствени гости во ресортот.

Оливија и Раул Де Фритас Оливија и Раул Де Фритас

„Сите велат дека сакаат да бидат заглавени на тропски остров сè додека навистина не заглават. Звучи добро само поради тоа што знаете дека можете да заминете“ – вели Оливија, која со Раул мора да оддели значителен дел од заштедата за да го плати престојот и покрај попустот.

Парот пристигнал на Малдиви на 22 март и требало да се врати дома следниот викенд. Но, по неколку дена тие добиле известување дека во четврток на полноќ аеродромите во Јужноафриканската Република ќе затворат. Бидејќи требало да променат неколку летови за да стигнат дома, не можеле да стигнат навреме.

Истовремено, и Малдивите објавија дека ги затвораат границите, забранувајќи го влезот за странци. Ако Оливија и Раул го напуштеле ресортот, можеби немало да им биде дозволено да се вратат. Затоа, одлучиле да останат.

Оливија и Раул Де Фритас Оливија и Раул Де Фритас

Од конзулатот им рекле дека единствена опција за враќање е да се здружат со другите Јужноафриканци заглавени на Малдиви и заедно да платат приватен лет до дома од 104.000 долари. За жал, и таа опција се покажала како невозможна.

Сега, Оливија и Раул се единствените гости на ресортот и на располагање го имаат целиот персонал кој исто така не смее да го напушти местото додека има гости во него.

Оливија и Раул Де Фритас Оливија и Раул Де Фритас

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5988 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“