Заврши наградната игра на Халкбанк: Атрактивниот Jeep Compass отпатува за Дарко Новак од Струга
Почетна » Новости » Занимливости » Заврши наградната игра на Халкбанк: Атрактивниот Jeep Compass отпатува за Дарко Новак од Струга

Заврши наградната игра на Халкбанк: Атрактивниот Jeep Compass отпатува за Дарко Новак од Струга

Во присуство на тричлена комисија во просториите на Халкбанк АД Скопје, по случаен избор по електронски пат беше извлечен Дарко Новак од Струга како добитник на главната награда Jeep Compass од тримесечната наградна игра на Халкбанк и Mastercard - Скокни во Халквантура“.

Среќниот добитник денес допатува во Скопје да ја подигне наградата и воедно да се запознае со одговорните лица кои стојат зад оваа наградна игра.

„Искрено сум благодарен на оваа посебна прилика во мојот живот. Не сум човек кој вообичаено и често учествува на наградни игри, меѓутоа ете, токму кога се одлучив, ми се насмевна среќата. Сум сменил повеќе банки досега, меѓутоа од услугата на Халкбанка навистина сум презадоволен уште пред учеството во наградната игра. Од срце им благодарам на соработката, а особено сакам да ја изразам мојата благодарност до вработените во филијалата во Струга кои ми ја соопштија оваа радосна вест“ - рече среќниот добитник Дарко Новак.

Халквантура

Ова инаку е втора наградна игра на Халкбанк, по минатогодишната „Вози Мини со три дисциплини“, каде главната награда беше фантастичниот автомобил Mini One.

Халквантура

На примопредавањето на годинешната главна награда Jeep Compass, главниот извршен директор на Халкбанк, д-р Билал Суџубаши истакна дека организирањето на ваквите наградни игри е токму со цел да се наградат лојалните корисници на услугите на банката, а воедно го изрази своето задоволство дека атрактивниот Jeep Compass паднал токму во рацете на еден од најлојалните клиенти на Халкбанк.

Халквантура

Инаку наградната игра започна на 1-ви октомври, а право на учество имаа сите физички лица, клиенти на Халкбанк, кои во времетраењето на наградната игра направија најмалку 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, беа корисници на минимум две од посочените услугите на банката.

Покрај главната награда Jeep Compass, Халкбанк додели и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари, а листата на добитници може да се погледне на следниот линк.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 66%
  • 15%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 2125 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.