Жртва на пожар на насловна на најпродаваното женско списание во Австралија
Почетна » Новости » Занимливости » Жртва на пожар на насловна на најпродаваното женско списание во Австралија

Жртва на пожар на насловна на најпродаваното женско списание во Австралија

Корицата на јулското издание на најпродаваното женско списание во Австралија беше дочекана со аплаузи.

Наместо насловната страница да ѝ ја отстапат на холивудска ѕвезда или манекенка, уредниците на „The Australian Women’s Weekly“ одлучија да ѝ ја подарат на инспиративна жртва на пожар.

На корицата блеска со самодоверба Турија Пит, 26-годишна девојка која настрадала во голем пожар во 2011 година.

Турија Пит

Додека трчала ултра-маратон, Пит заедно со уште неколку други учесници се нашла сред огнена стихија. Пожарот се проширувал со огромна брзина, а огнените јазици не ја поштедиле младата девојка. Турија се здобила со изгореници на 64% од телото и ги изгубила сите прсти на десната рака. Иако докторите сметале дека шансите да преживее се многу мали, борбената девојка ги надминала нивните очекувања. По страшната несреќа, таа била принудена речиси шест месеци да остане во болница, а досега има направено многу операции. Не е изненадување што Турија смета дека е „најсреќната девојка на светот“.

Турија ПитТурија со својот партнер, кој по несреќата дал отказ за да се грижи за неа Турија ПитТурија пред несреќата

Главната уредничка на списанието ја опишува Турија како инспиративна и неверојатна личност. „Секој обид да се опише магијата и убавината на Турија се губи во баналности и клишеа. Никогаш не сум сретнала поневеројатна личност од неа“ – изјавила таа.

Сега Турија е мотивациски говорник и е целосно посветена на хуманитарна работа. Само во изминативе шест месеци таа учествувала во неколку спортски манифестации за собирање на средства за хуманитарна организација која им обезбедува бесплатни реконструктивни операции на пациентите на кои им се најпотребни.

Турија Пит

Турија е многу задоволна што јулската корица ѝ била посветена токму нејзе, бидејќи со тоа се испраќа порака до жените дека самодовербата е исто толку важна колку и убавината. „Голема чест е што сум на насловната страница на The Australian Women’s Weekly. Според мене, тоа испраќа порака дека самодовербата е еднаква на убавина“ – изјавила Турија.

Корицата со Турија непрекинато добива пофалби и позитивни коментари од милиони жени од целиот свет и од бројни светски медиуми.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3648 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?