Почетна » Новости » Занимливости » Женското тело е чудесно: Трудница од Копенхаген, која носи тројка, го документира растењето на стомачето

Женското тело е чудесно: Трудница од Копенхаген, која носи тројка, го документира растењето на стомачето

Мајка од Копенхаген покажува колку е чудесно женското тело што може да создава, негува и раѓа повеќе нови животи истовремено.

36-годишната Марија придоби илјадници следбеници на Instagram со документирањето на бременоста и растењето на нејзиното стомаче.

Марија

„Недела по недела со тројката. Какво само патување беше ова! Од огромниот шок кога дознавме дека се три, до реакциите на луѓето, бројните прегледи и скрининзи и сите подготовки и планирања за овој настан кој го менува животот. Ништо не е обично.“

„Мило ми е што ги направивме овие фотографии, бидејќи овој колаж навистина го покажува огромното растење. Чудно е што завршив со толку големо стомаче и уште почудно е што е толку испакнато без да се спушти надолу!“ – пишува таа.

Марија

Марија и нејзиниот сопруг Андрес имале желба да му подарат братче или сестричка на нивниот мал син, но не ни замислувале дека нивното семејство ќе се прошири толку многу.

„Тројката беше зачната природно кога сакавме да му подариме на Микаел мала сестра или брат. Тој ги доби и двете, и повеќе“ – сподели Марија, која очекува две девојчиња и едно момче.

Марија

Моментално таа е во 35-тата недела од бременоста. „Последна фотографија од стомачето! За два дена конечно ќе ги запознаеме нашите бебиња и нема повеќе да морам да го влечкам ова стомаче од 20 килограми. Ние сме многу подготвени за следното поглавје“ - напиша таа пред часови и ја објави последната трудничка фотографија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.