Жена ослабе 68 кг со броење калории и придржување кон правилото 80-20
Почетна » Новости » Занимливости » Жена ослабе 68 кг со броење калории и придржување кон правилото 80-20

Жена ослабе 68 кг со броење калории и придржување кон правилото 80-20

Жена која некогаш тежела 136 килограми целосно го промени начинот на живот и ја преполови својата тежина.

Амбер Клеменс

Амбер Клеменс цел живот имала вишок килограми и многупати се обидела да ослаби, но секогаш се враќала на старите навики, враќајќи ги изгубените килограми. 30-годишната девојка била на граница на предијабетес кога еден ден останала без здив додека се качувала по скали. Тогаш решила дека е време за промени.

Со зголемување на физичката активност и броење на калории, Амбер ослабе 68 килограми. Таа сега гордо го покажува вишокот кожа и се прифаќа себеси онаква каква што е „со секоја стрија, секоја брчка и секој милиметар“.

Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс

Еве ја нејзината приказна:

Не можам да се сетам на период од мојот живот кога тежината не ми била проблем. Првпат активно се обидов да ослабам во средно училиште. Бев на границата на предијабетес и докторот ми рече да започнам да водам дневник на исхрана и да бидам активна најмалку 30 минути дневно. Мислам дека се придржував кон тоа една недела.

Бев млада и ми беше тешко да направам таква промена додека ги гледав пријателите како јадат сè што ќе посакаат. Многупати низ мојот живот се обидов да ослабам, но секогаш завршував во повторувачки циклус од престрого ограничување на храната, прејадување и враќање на старите навики.

Пресвртна точка за мене беше една мајска вечер во 2018 година, кога носев кеси со намирници по скалите. На третото качување, ми снема воздух и се изморив. Тогаш сфатив дека доволно живеев вака. Имав 27 години, тежев околу 136 килограми и имав проблеми при извршувањето на секојдневните обврски, сето тоа поради начинот на кој се однесував кон моето тело.

Тогаш си ветив дека ќе се променам. Смачено ми беше да бидам заробеник во сопственото тело и конечно се чувствував ментално подготвена да го направам тоа ветување. Го започнав моето патување две недели подоцна, на 30 мај 2018 година.

Најпрво, ја отстранив брзата храна од мојата исхрана и започнав да воведувам повеќе овошје, зеленчук и протеини. Едноставно, а ефективно. Во првиот месец, намалив 9 килограми.

Сето тоа ме доведе до броење на калории, кое е едноставна алатка на која ѝ го препишувам мојот успех. За мене ова функционираше, бидејќи никогаш не морав целосно да се откажам од одредена храна ако не сакав. Ако нешто посакував, можев да го добијам, само научив како да го инкорпорирам во моите дозволени дневни калории.

Претходно, кога и да се обидев да ослабам, секогаш ја категоризирав храната на „добра“ и „лоша“, сега мојот поглед е тотално поразличен.

Сега сфаќам дека има храни кои се помалку хранливи и прават моето тело да се чувствува подобро кога го јадам и дека има храни кои се помалку хранливи, но вкусот им е одличен.

Дознав дека она што функционира најдобро за мене е да се фокусирам да јадам храна што е нутритивна и прави да се чувствувам добро во 80% од времето, а во останатите 20% вклучувам храна од таа другата. Престрогото ограничување на храната никогаш не функционирало за мене и благодарна сум што пронајдов баланс.

Во моментов тренирам 3-5 вечери неделно дома. Претходно никогаш не тренирав, а сега трчам по 5 километри.

Многу сум посреќна и посилна сега одошто некогаш помислував дека е возможно... Јас сум пример за: „Ако можам јас, секој може“. Се променив за мене и за никој друг. Сега сум поздрава и посреќна отсекогаш.

Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс Амбер Клеменс

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6789 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.