Жената која роди на 72 години признава дека мајчинството е потешко одошто си мислела
Почетна » Новости » Занимливости » Жената која роди на 72 години признава дека мајчинството е потешко одошто си мислела

Жената која роди на 72 години признава дека мајчинството е потешко одошто си мислела

Жената, која се смета за најстарата родилка на светот откако роди бебе на 72 години, се отвори за своето влошено здравје. Таа тврди дека мајчинството е многу потешко одошто си го замислувала.

73-годишната Далиндер Каур од Индија има 11-месечен син со 80-годишниот сопруг Мохиндер Гил, но по неговото раѓање, нејзиното здравје започнало да се влошува. Иако Далиндер има проблеми со крвниот притисок и со зглобовите, таа вели дека не жали што родила.

Далиндер Каур Далиндер Каур

„Имам многу проблеми со крвниот притисок и многу лесно се изморувам. Сум била на неколку доктори и тие само ми даваат лекарства и диети. Загрижена сум за Арман. Морам да се грижам за моето здравје, но исто така морам да се грижам и за здравјето на Арман. Бидејќи сега започна да лази и јас сум постојано на раце и на нозе и многу е тешко. Моето тело не може да го издржи тоа. Многу е потешко одошто си замислував“ – вели таа.

Единственото време кога Далиндер можела да одмори било додека спие нејзиниот син. „Многу лесно се исцрпувам и единствено време кога можам да одморам е кога тој спие. Често сме болни со сопругот поради возраста, но мораме да се справуваме зашто мораме да се грижиме за нашиот син. Јас извршувам најголем дел од обврските, но и татко му помага колку што може“ – вели таа.

Малиот Арман е зачнат со помош на инвитро во контроверзна индиска болница, а се родил во 37. недела од бременоста со родилна тежина од само 2 килограми.

„Тој сè уште има помала тежина од нормалната. Многу е ситен и дури и пелените не му одговараат. Можно е да е ситен зашто не го хранев соодветно. Престанав да го дојам на три месеци, бидејќи млекото не ми се развиваше правилно. Ги прашав докторите дали има некое лекарство за зголемување на неговата тежина, но тие ми рекоа да оставам да си ја зголеми тежината природно“ – изјавила мајката за тежината на синот.

И покрај предизвиците, Далиндер не жали за одуката да има дете. „Каде и да сум, тој ќе излази до мене. Го сакам“ – вели таа.

Далиндер Каур

Пред да го добијат синот, Далиндер и Мохиндер биле во брак 46 години и зад себе имале две неуспешни обиди за зачнување со инвитро.

Кратко време по раѓањето, мајката изјавила: „Бог ги слушна нашите молитви. Ова е многу важно за нас. Мојот живот сега е комплетен и можам да живеам среќно. Се грижам за бебето сама и чувствувам дека сум полна со енергија. Мојот сопруг исто така е многу грижлив и ми помага колку што може“.

Далиндер Каур Далиндер Каур

Приказната на Далиндер уште еднаш ги разгори дискусиите за раѓање дете на одмината возраст. Сигурно ќе се согласите дека влегувањето во мајчинството во осмата деценија од животот е непромислена постапка која носи ризици и за мајката и за бебето.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9510 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?