Елен со големо изненадување за момче кое работи од дете за да ѝ помогне на самохраната мајка
Почетна » Новости » Занимливости » Елен со големо изненадување за момче кое работи од дете за да ѝ помогне на самохраната мајка

Елен со големо изненадување за момче кое работи од дете за да ѝ помогне на самохраната мајка

Елен Деџенерис продолжува да шири радост и добрина непосредно пред празниците. Во рамките на „Greatest Night Of Giveaways“, кое ќе трае три дена, славната водителка усреќи многу лица кои најмногу имаат потреба од помош.

Меѓу нив беше и Рико, момче кое од мали нозе морало да работи за да ѝ помогне на самохраната мајка да ги плати сметките. Неговата животна приказна ги трогна и Елен и актерот Стерлинг К. Браун, кои му подадоа рака и му измамија солзи-радосници.

Работа на трудољубивото момче е да врти знаци пред продавници за да привлекува муштерии во нив. Тој мора да пешачи или да се вози со автобус до работното место, а тоа честопати му одзема неколку часа од денот. Рико отсекогаш сонувал да има свој автомобил, а Елен му го оствари тој сон.

„Првоначално започнав да вртам знаци за да ѝ помогнам на мајка ми да ги плати сметките. Во еден момент, со мајка ми бевме без дом и спиевме со автомобил. Ќе ги спуштевме седиштата и легнувавме во багажникот, а се туширавме во фитнес сала. Мајка ми се обидуваше да го направи забавно, нарекувајќи го ‘кампинг’. Помина првиот ден, па вториот, осумнаесеттиот, триесеттиот... Почувствував дека тоа е повеќе од кампување, дека живееме тука. Беше многу тешко, сакаш да бидеш дете, а во истото време мораш да работиш како возрасен“ – вели Рико во видеото.

Погледнете го моментот кога Стерлинг ќе го одведе Рико во автоцентар и ќе му открие дека може да избере кој било автомобил како подарок.

Рико доби и 150.000 долари од хуманата водителка и нејзините партнери.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3616 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.