Елена Бубало со фотографии на кои го покажува вишокот кожа по раѓањето на две деца порачува: „Ова е нормално“
Почетна » Новости » Занимливости » Елена Бубало со фотографии на кои го покажува вишокот кожа по раѓањето на две деца порачува: „Ова е нормално“

Елена Бубало со фотографии на кои го покажува вишокот кожа по раѓањето на две деца порачува: „Ова е нормално“

Елена Бубало секојдневно им помага на стотици Македонки да го одржуваат своето тело во добра физичка форма и инспирира со одличната фигура. Но, таа има и друга цел - да им покаже на жените дека совршенство не постои и дека секоја од нас треба да се фокусира прво на своето здравје, а потоа на изгледот.

Елена сподели фотографии, кои биле направени во една иста минута, за да докаже дека секое тело е различно. На нив, таа најпрво ги покажува стомачните мускули, а потоа вишокот кожа по раѓањето на две деца.

Прочитајте го нејзиниот пост:

Ова сум јас, таа што ве мотивирам секој ден да се грижите за себе, но и да бидете реални спрема себе.

Сликано во една иста минута, со супер позирање топ рамен стомак, насмевка и супер агол или со опуштено тело и со вишокот кожа после две деца!

Па тоа е сосема нормално, а и секое тело е различно, па како може да очекуваме сите да изгледаме совршено и исто.

Стомачните и натртениот задник драги луѓе не е знак за здравје. Само затоа што некој има стомачни не значи дека е здрав, или ако некој ги нема не значи дека не е здрав. Тоа е толку променливо затоа фокусирај се на себе и своето здравје!

Грижата за себе како вежбање, правилна исхрана, квалитетен сон стави ги на своето дневно мени во баланс со останатите обврски. Па вас тоа не ви е професија за цел ден на тоа да мислите и да го правите. Наспроти тоа, нас ни е професија и не треба поинаку да изгледаме а уште помалку да се фалиме со тоа, што би ми кажала моја блиска другарка па добро Елена тоа ти е работа, срамота е поинаку да биде.

Затоа уште еднаш, натпреварувај се само со себе, труди се секој ден да бидеш подобар од вчера, иако и тоа не е секогаш возможно, но не се откажувај, затоа што не е еднократна програма. Тоа е програма за цел живот, за себе и за тие околу тебе.

Елена Бубало Елена Бубало Елена Бубало

Елена активно тренираше за време на двете бремености.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6785 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.