Еве зошто секој Оскар вреди само 1 долар
Почетна » Новости » Занимливости » Еве зошто секој Оскар вреди само 1 долар

Еве зошто секој Оскар вреди само 1 долар

Сте се запрашале ли некогаш колку вреди една оскаровска статуетка?

Изработката на една позлатена статуетка чини околу 400 долари, но со продажба на оваа престижна награда може да се заработи само ЕДЕН долар. Сето тоа се должи на строго правило на Академијата за филмски уметности и науки.

Оскар

Имено, доколку некој од добитниците на Оскар одлучи да ја продаде својата награда, должен е прво да ѝ ја понуди на Академијата за само 1 долар.

Во 1950 година, Академијата ја забрани продажбата на наградите за пари. Сите добитници потпишуваат договор со кој се обврзуваат дека тие и нивните наследници нема да ја продадат статуетката без претходно да ѝ ја понудат на Академијата за еден долар. Секоја продажба на Оскар доделен по 1950 година е незаконска.

Се разбира, има случаи на продажба на статуетки за големи суми. Во 1999 година, Мајкл Џексон за 1,54 милиони долари ја купи статуетката за Најдобар филм за „Gone With the Wind“ (1939). Во 2003 година, магионичарот Дејвид Коперфилд за 232.000 долари ја купи статуетката која во 1943 година му беше доделена на Мајкл Кертиз за Најдобар режисер за филмот „Casablanca“

Режисерот Стивен Спилберг е голем поддржувач на забраната за продажба на Оскари. Тој откупи три статуетки по вкупна цена од 1,36 милиони долари, само за да ги врати повторно во Академијата.

Оскар

Само неколку часа нè делат од 89. издание на доделувањето на Оскарите кое ќе се одржи во Долби театарот во Калифорнија.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6271 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.