Дрво на добрината: Ресторан постави фрижидер во кој секој може да стави храна за сиромашните
Почетна » Новости » Занимливости » Дрво на добрината: Ресторан постави фрижидер во кој секој може да стави храна за сиромашните

Дрво на добрината: Ресторан постави фрижидер во кој секој може да стави храна за сиромашните

Колку храна оставате во својата чинија кога јадете во ресторан? Помислете само колку храна се фрла по секоја свадбена прослава.

Еден ресторан од Индија си постави цел да го промени тоа и наместо остатоците од храна да завршуваат во отпад, сега ги гостат сиромашните и бездомните лица.

Пападавада

Популарниот ресторан „Пападавада“ од градот Кочин постави фрижидер пред својот објект за да ги поттикне клиентите во него да ги ставаат остатоците од своите оброци, како и сите останати лица кои сакаат да донираат храна. Сопствениците на ресторанот ги охрабруваат оние кои имаат потреба од храна да дојдат и да се послужат во кое било време, секој ден од неделата.

Пападавада Пападавада Пападавада

Мину Паулин, која раководи со ресторанот, го нарекла фрижидерот „Дрво на добрината“ и јасно е зошто. Таа ја добила идејата откако видела жена како бара остатоци од храна во канта. „Имав ужасна мисла дека таа жена се разбудила поради гладот и морала да тргне во потрага по храна наместо да спие“ – рекла Мину.

Пападавада Пападавада Пападавада

Фрижидерот никогаш не е затворен, а Мину ги замолува луѓето кои оставаат храна во него да го напишат датумот, за лицата кои ја јадат да бидат информирани колку е стара.

Но, во фрижидерот ретко останува храна, а само Паулин во него става во просек 75-80 оброци дневно.

Пападавада Пападавада

Видео

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?