„Драга Mамо, посакувам во огледалото да го видиш она што јас го гледам“: Текст од гледна точка на бебето
Почетна » Новости » Занимливости » „Драга Mамо, посакувам во огледалото да го видиш она што јас го гледам“: Текст од гледна точка на бебето

„Драга Mамо, посакувам во огледалото да го видиш она што јас го гледам“: Текст од гледна точка на бебето

Текстот на Лена Халоус им помага на мајките да го погледнат своето тело од друга перспектива, од перспективата на нивното дете, за да разберат дека се убави токму онакви какви што се.

Дете

Драга Мамо,

Пак се гледаш во огледалото и си го зграпчуваш стомакот за да го затресеш, а јас се смеам. Многу си смешна, Мамо!

Но, ти не се смееш. Гледаш смрштено како што правиш кога ми ги сечеш ноктите. Се сетив! И јас ќе си го зграпчам стомакот и ќе го затресам. Ах, сега се смееш!

Но Мамичке, посакувам во твојата рефлексија да можеше да го видиш она што јас го гледам.

За мене, ти си совршена.

Мамичке, знаеш ли дека никој не може да биде моја мама освен ти? Не сакам ниту една друга мајка. Никако. Ти си единствената. Ние сме створени еден за друг. За мене, ти си совршена.

За мене, ти си најдобрата мајка. (И те молам, стиши го гласот во твојата глава, сега јас сум на ред да зборувам, не ти!)

Ти си совршена, бидејќи ти си ти. Не постои никој што може да биде ти. Исто како што никој не може да биде јас. Ме разбираш?

Јас не ти ги гледам мааните, јас те гледам само тебе.

Јас не ги гледам твоите неуспеси, јас само ја гледам мојата мамичка.

Јас не гледам колку си тешка или дали ти е мрсна косата, јас само ја гледам жената што ми подари живот и се откажува од нејзиниот за да ме заштити, сака, усреќи.

Ти си убава.

Мамо, кога и да пробам да те фотографирам со твојот телефон, ти си го покриваш лицето. Не сакам да го правиш тоа. Го обожавам твоето лице! Го познавам твоето лице подобро од кого било. Ја знам секоја линија и сите пеги (имаш точки мамичке! колку голема среќничка си), и ги обожавам.

Твоето лице е најубаво од сите.

Тоа е лице во коешто зјапав додека ме хранеше како бебе. Твојата насмевка ме хранеше повеќе од твоето млеко. Тоа е лице со најмеките усни што ми ги бакнуваа раните. Тоа е лицето кое го чекам во градинка и кон кое трчам за да ме подигнат твоите грижливи раце. Лицето кое го барам кога ми е потребно одобрување, или кога треба да разберам дали она што го планирам е добра или будалеста идеја. Лицето кое го галам со успана рака додека заспивам и кое го барам веднаш штом ќе се разбудам, бидејќи ти повторно ме премести во мој кревет. (Те молам, престани да го правиш тоа!). Твоето лице за мене е поубаво од опашката како виножито на „Моето мало пони“. А тоа е најубавото пони на светот!

Не можам да разберам што гледаш ти, јас тоа не можам да го видам!

Кога се гледаш во огледало, ти само гледаш стрии, витки, брчки, бушава коса, само несовршености. Кога јас ќе те погледам, сè што гледам е силна, способна жена која е дарежлива, грижлива, внимателна и убава на свој начин. (Но, исто така уморна. Да, извини за тоа!).

За мене, не постои поубава мајка од мојата мајка.

Ти си сакана.

Кога ќе се погледнеш во огледало, се надевам дека ќе се почувствуваш сакано, како што се чувствувам јас кога ќе ме погледнеш. Бидејќи си сакана. Многу, многу, многу, многу. Премногу!

Те сакам со целото мое срценце.

Па мамичке, кога ќе се погледнеш во огледало, сакам да си замислиш дека јас сум огледалото. Посакувам да го видиш она што јас го гледам. Посакувам да може да се сакаш себеси онака како што јас те сакам. Бидејќи мамичке, за мене, ти си совршена и многу си убава.

Те сакам,

Сакај ме!

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6803 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“