• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во Клиниката за детски болести во Скопје

17 декември 2014, 14:55
  • cподели

Денес, на Клиниката за детски болести во Скопје, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат NEUROWERK EEG 36.

Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.

Донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

„Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно“ – истакна г. Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

„Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите“ – истакна доц. д-р Софијанова и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта и поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Медицинскиот апарат Neurowerk EEG е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и монторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести во Скопје.

Во рамките на оваа пригода г. Андреас Маиерхофер ги посети сите деца од Клиниката за детски болести и во духот на новогодишната атмосфера им подари новогодишни подароци.

Tags
Македонски Телеком
Т-Мобиле Македонија
Телеком
T-Mobile
Telekom

Најнови

  • Брижит Бардо

    Брижит Бардо замина во легендите: Познатата актерка и активистика почина на 91 година

    Sun, 12/28/2025 - 13:45
  • Блејк Лајвли во дамски празничен стајлинг на забава

    Fri, 12/26/2025 - 13:22
  • Сара Мејс со семејството

    „Пишуваме писма за Дедо Мраз, за Бадник сè подготвуваме со децата“: Празнично со Сара Мејс

    Fri, 12/26/2025 - 13:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.