Доналд и Меланија Трамп се позитивни на КОВИД-19: Претседателот и првата дама на САД се во карантин
Почетна » Новости » Занимливости » Доналд и Меланија Трамп се позитивни на КОВИД-19: Претседателот и првата дама на САД се во карантин

Доналд и Меланија Трамп се позитивни на КОВИД-19: Претседателот и првата дама на САД се во карантин

Доналд и Меланија Трамп се во карантин откако вчера нивниот тест за коронавирус покажал позитивен резултат.

Трамп

74-годишниот претседател на САД ја потврди веста на Twitter. Тој напиша:

„Вечерва, јас и првата дама добивме позитивен резултат на тестот за КОВИД-19. Веднаш ќе го започнеме нашиот карантин и процес на опоравување. Ќе поминеме низ ова ЗАЕДНО!“ – напиша тој.

Трамп

„Како што направија многу Американци оваа година, така и јас и Претседателот одиме во домашен карантин откако добивме позитивен резултат за КОВИД-19. Добро се чувствуваме и ги одложивме сите ангажмани. Ве молам грижете се за вашата безбедност и ќе поминеме низ ова заедно“ – напиша Меланија.

Трамп

Доналд и 50-годишната прва дама беа тестирани бидејќи нивната советничка Хоуп Хикс пројавила симптоми на вирусот откако патувала во истиот авион со Претседателот неколкупати во текот на изминатата недела.

Поради неговата возраст, Доналд е во високоризична група да добие посериозни компликации од вирусот, но неговиот доктор уверува дека и тој и Меланија се чувствуваат добро.

Трамп

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4944 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.